Славјанка (река)

река во Ленинградската област, Русија, притока на Нева

Славјанка (руски: Славя́нка) — река во Ленинградската област во Русија, притока на Нева. Долга е 31 км со сливно подрачје од 230 км2.

Славјанка
Местоположба
Физички особености
УстиеНева
Должина31 км
Особености на сливот

Ова е типична рамничарска река со бавен тек. Почнува да тече од мочуриштата 9 км југозападно од Павловск и тече североисточно кон местото, каде минува низ парковите околу големиот Павловски дворец. Продолжува на север и се влева во Нева кај Рибатское во Санкт Петербург. Кај устието е длабока речиси 1,5 м.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди