Славната садомијачка
Славната садомијачка (шпански: La ilustre fregona) - расказ на шпанскиот писател Мигел де Сервантес, дел од збирката „Примерни новели“.
Содржина
уредиВо градот Бургос живееле двајца млади благородници, дон Диего де Каријазо и дон Томас де Авендањо. На каријазо му здодеал животот во родниот град и избегал од дома, шетајќи низ Шпанија како скитник. По три години, тој се вратил дома и го убедил својот пријател Авендањо да му се придружи во скитањето. Двајцата ги излажале своите родители, кажувајќи им дека сакаат да студираат во Саламанка, и така обезбедиле доволно пари за да водат слободен живот. Кога пристигнале во Толедо, момчињата му избегале на својот придружник. Кога случајно слушнале за убавата девојка Констанца, која работела во еден ан, Авендањо посакал да ја види и на прв поглед се вљубил во неа. Поради тоа, двајцата останале да работат во анот, но Каријазо повредил еден носач на вода и бил затворен. Сепак, Авендањо му помогнал на својот пријател да ја избегне казната на тој начин што ги подмитил судиите. Потоа, Каријазо купил магаре и станал носач на вода, а Авендањо ѝ напишал писмо на Констанца, откривајќи ги својот вистински идентитет и љубовта кон неа. Една ноќ, во анот ненадејно дошол судијата, кој сакал да ја види Констанца, а сопственикот на анот му го открил нејзиното потекло: таа била вонбрачна ќерка на непозната благородничка, која се породила во анот. Утредента, во анот пристигнале татковците на Диего и на Томас, кои ја барале Констанца. Тогаш се дознало дека таа му била вонбрачна ќерка на таткото на Диего, које во една прилика ја силувал нејзината мајка. Потоа, Диего и Томас им се вратиле на своите родители, по што Томас се оженил со Констанца, а Диего со ќерката на судијата.[1]
Осврт кон делото
уредиНаводи
уреди- ↑ Miguel Servantes, Uzorne priče. Beograd: Rad, 1963, стр. 43-105.