Славе Ивановски
Славе Симов Ивановски ( 1922 во Галичник ― 21 декември 1944 во близина на Галичник) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]
Славе Ивановски | ||
![]() | ||
Роден | 1922 година Галичник, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 21 декември 1944 во близина на Галичник, ДФ Македонија, ДФ Југославија убиен од страна на балистите | (возр. 21–22)|
Националност | Македонец-Југословен | |
Народност | Македонец |
Животопис
уредиЗавршил основно училиште во родното село. Уште како дете бил принуден да се бори за корка леб како печалбар. Се доселил и живеел во Скопје, каде работел како слаткар. Во 1944 година бил распореден во 17 македонска ударна бригада на курирска должност. Учествувал во акциите за уништување на балистичките банди.
Во борбите против oвоj корав непријател учествувал и по ослободувањето на вардарскиот дел на Македонија и во една од тие акции тој храбро загинал, пронижан од непријателски куршум на 21 декември 1944 година во близината на родното место.