Слава (филм од 2016)
„Слава“ — бугарско-грчки филм од 2016 година во режија на Кристина Грозева и Петар Валчанов, кои се автори и на сценариото. Главните улоги ги играат: Стефан Денољубов, Маргита Гошева и Александра Ангелова. Филмот освоил повеќе награди, како: наградите на Бугарската филмска академија во четири категории (главна женска улога, најдобар филм, најдобро сценарио и најдобар режисер), наградата на филмските критичари на фестивалот во Даблин (за најдобро сценарио), наградата на за најдобар странски филм на фестивалот во Единбург итн.[1]
Синопсис
уредиЕден мирен и повлечен бугарски железнички работник наоѓа голем износ пари, расфрлани на железничката пруга и ги пријавува во полицијата. Јулија Стајкова, раководителка на одделот за односи со јавноста на министерот за транспорт, сака да го искористи случајот за да го оттргне вниманието на јавноста од корупцискиот скандал. Така, тој станува жртва на бирократијата, а тоа е крај на неговиот мирен живот...