Скршени стакла (филм)

филм

Скршени стакла е британски филм од 1980 година со Хејзел О'Конор, Фил Дениелс и Џонатан Прајс во главните улоги. Филмот е препознатлив и по тоа што во него во помали улоги се појавуваат многу глумци кои подоцна ќе станат телевизиски и филмски ѕвезди. Еден од продуцентите на филмот е Доди Ал-Фајед, а режисер и сценарист е Брајан Гибсон. Главниот лик во филмот Кејт, која ја игра Хејзел О'Конор, е именуван според Кејт Буш која во тоа време беше најпопуларната британска пејачка. Во 2002 беше снимено продолжение на филмот со наслов Shattered Glass, но без главната глумица. Филмот сè уште не е официјално објавен.

Заплет

уреди

Филмот ја раскажува приказната за Кејт, гневна, но креативна млада жена, која преку серија на среќни случки станува една од најголемите поп ѕвезди на своето време. Нејзиниот пријател и менаџер Дени (Фил Дениелс) се вози на нејзината слава. За нив сѐ оди добро до оној момент кога Кејт ќе доживее нервен слом предизвикан од насилство на демонстрации. Истовремено Кен (Џонатан Прајс), саксофонистот во групата, станува зависник од интровенозни дроги. Тогаш се појавува доминантниот менаџер Вудс кој го оттрунува Дени на страна и го зазема неговото место како менаџер на групата и љубовник на Кејт.