Скопски државен универзитет „Цар Борис III – Обединител“
Скопскиот државен универзитет „Цар Борис III – Обединител“ — универзитет во Скопје, отворен за време на бугарската окупација во Втората светска војна, работејќи од 1943 до 1944 година. Бил вториот универзитет во Бугарија, по Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, и дванаесеттата високообразовна установа во Царството Бугарија.
Историја
уредиПо воспоставувањето на бугарската окупациска власт на територијата на капитулиралото Кралство Југославија, Министерството за народна просвета на Бугарија презело низа мерки за организирање на просветниот и културен живот во окупираните територии. Со започнувањето на учебната 1941–1942 година, студенти од Македонија се стекнале со можноста да учат во Софискиот универзитет. Приемот во универзитетот бил зголемен, а на повеќе студенти од Македонија им биле доделени стипендии.[1]
Во 1942 година било решено да се создаде универзитет во Скопје. Согласно планот, универзитетот требало да започне со работа во учебната 1942–1943 година. Решението на Министерскиот совет за отворање на Универзитет во Скопје било објавено во „Државен весник“, број 4 од 6 јануари 1943 година, а приемот на студенти започнал есента истата година.[2] Скопскиот државен универзитет „Цар Борис III – Обединител“ бил свечено отворен на 19 декември 1943 година. Меѓу гостите на отворањето биле бугарскиот кнез Кирил Преславски, министерот за народна просвета проф. Борис Јоцов, прв ректор на Софискиот универзитет, акад. Александар Теодоров-Балан и претседателот на Македонскиот научен институт од Софија проф. Никола Стојанов.[3]
За ректор на универзитетот бил избран професорот по филозофија од Софискиот универзитет Атанас Илиев. На универзитетот аплицирале 130 кандидати, при што 40% од прифатените биле од внатрешноста на Бугарија, а останатите од окупираните територии, меѓу кои 20 кандидати од Скопје. Голем дел од жителите на Скопје во тоа време биле евакуирани поради закана од воздушен напад. Поради таа причина ректорот Илиев предложил лекциите да започнат само со водосвет и краток говор, а свеченото отворање да се одложи за понатаму, кога состојбата во градот ќе биде нормализирана.[4]
За почеток бил отворен историско-филилошки факултет, којшто имал 8 катедри и три специјалности. Трите специалности биле: словенска филологија, историја и географија. Новоотворениот Скопски универзитет располагал со голема свечена сала, 21 аудиториуми 10 кабинети и други простории.[5][6][7] Дотогаш во зградата на универзитетот се наоѓала трговската гимназија во Скопје.[8]
Универзитетот бил затворен во септември 1944 година при заминувањето на бугарските окупациски власти.
Наводи
уреди- ↑ „Българското управление във Вардарска Македония (1941 – 1944)“, стр. 259 – 260 (№59 Изложение за просветно-културната дейност на Министерството на народното просвещение в Македония и другите новоосвободени земи – София, януари 1943 г.)
- ↑ „Българското управление във Вардарска Македония (1941 – 1944)“, стр. 262 – 264 (№59 Изложение за просветно-културната дейност на Министерството на народното просвещение в Македония и другите новоосвободени земи – София, януари 1943 г.)
- ↑ „Българското управление във Вардарска Македония (1941 – 1944)“, стр. 319 (№66 Спомени на проф. Никола Стоянов за откриването на Скопския университет на 19 декември 1943 г. – София, 1961 г.)
- ↑ „Българското управление във Вардарска Македония (1941 – 1944)“, стр. 338 – 339 (№73 Писмо от Атанас Илиев, ректор на Държавния университет в Скопие „Цар Борис III – Обединител“, до Борис Йоцов, министър на народното просвещение с молба за разрешаване на битови и учебно-организационни въпроси – Скопие, 13 ноември 1943 г.)
- ↑ Македония в спомените на Христо Вакарелски – Македонски Научен Институт, 27, февруари 2017 I част.
- ↑ Културно-просветната политика на България във Вардарска Македония, 1941 - 1944 г., Спас Ташев 2. Висше образование.
- ↑ ЦДА–РБ, ф. 177 к, оп. 2, а.е. 1227, л. 1 – всъщност става дума за философски факултет, разкрит през 1920 г. като клон на Белградския университет, а впоследствие получил самостоятелен статут. В него са преподавани някои университетски специалности: философия, педагогика, история, география, етнография, математика, физика, химия, славянска, класическа, германска и романска филология. Преподавателският персонал се състоял от 23 професори, доценти, лектори и асистенти.
- ↑ „Българското управление във Вардарска Македония (1941 – 1944)“, стр. 306 – 308 (№63 Доклад от Георги Веселинов – помощник-началник на Отделението за средно и висше образование, до министъра на народното просвещение Борис Йоцов за настаняване и обзавеждане на Скопския държавен университет – София, 3 април 1943 г.)
Извори
уреди- Гребенаров, А., Николова, Н., „Българското управление във Вардарска Македония (1941 – 1944)“, София, 2011, Държавна агенция „Архиви“