Александар Теодоров-Балан
Александар Стојанов Теодоров-Балан (бугарски: Александър Стоянов Теодоров-Балан; 27 октомври 1859 – 12 февруари 1959) бил бугарски лингвист, историчар и библиограф.
Балан е роден во село Кубеј во Руската империја, денес во Одеска Област, Украина, во семејство на Бесарабиски Бугари. Негов брат е Георги Тодоров, кој станал генерал во бугарската армија. Балан студирал во Прага и Лајпциг и завршил славистика на Карловиот универзитер во Прага. Во 1884 се населил во Софија, седиштето на Кнежевството Бугарија, каде што работел четири години во Министерството за народна просвета. Станал професор по словенска етнографија и дијалектологија и историја на бугарскиот јазик, од 1893 на катедрата по бугарска и словенска литература на Високата педагошка школа (идниот Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“). На 29 јануари 1889, бил избран за прв ректор на универзитетот и бил реизбран неколку пати (1896–1897, 1902–1903); но и декан на Факултетот за историја и филозофија (1899–1900, 1904–1905).
Кон крајот на 19ти и почетокот на 20ти век, бил секретар на Бугарската академија на науките, и од 1939 бил doctor honoris causa на Софискиот универзитет. Од 1907 до 1910 бил главен секретар на Бугарската егзархија.