Ситроен C1 (француски: Citroën C1) е градски автомобил произведен од францускиот производител Ситроен од јуни 2005 година.[1] C1 се развил како дел од проектот Б-нула на Групацијата ПСА Пежо Ситроен, во заедничко вложување со Тојота.

Ситроен C1
Втора генерација Ситроен C1
ПроизводителСитроен
Моделна година2005–денес
Склопен воКолин, Чешка (ТПСА)
СегментА
Меѓуос. раст.број мм
Должина3.40 м
Ширинаброј мм
Висинаброј мм
Тежинаброј кг
СродниПежо 107 (2005–2014)
Пежо 108
Тојота Ајго

Пежо 107 е идентичен со C1, освен предниот браник и предните и задните светла, додека Тојота Ајго е малку поразличен, но сепак очигледно е сличен на Тојота Јарис и Тојота Виос.

Ситроен C1 се изработува во новите капацитети на заедничкото вложување ТПСА (Toyota Peugeot Citroën Automobile) во градот Колин, Чешка . Проектот за првпат бил претставен на Саемот за автомобили во Женева во 2005 година. Автомобилот е со должина од 3.40 метри, има четири седишта три или пет врати. Каросеријата е дизајнирана од Донато Коко.

Прва генерација (2005–2014)

уреди
Прва генерација Ситроен C1
 
Прва генерација Ситроен C1
ПроизводителСитроен
Период2005-2014
Моделна година2005–2014
Склопен воКолин, Чешка (ТПСА)
СегментА
Каросерија
Погонски распореднапречен преден погон, предна влеча
Мотор
Меѓуос. раст.2.340 мм
Должина3.435 м
Ширина1.630 мм
Висина1.468 мм
Тежина1775 lb

С1 се напојува со 1.0 L трицилиндричен мотор, со потрошувачка на гориво од 4.6 Л /100 км (43.4 mpg САД). Исто така е достапен и 4,4 цилиндричен дизел мотор со HDI со димензии 1.4 L со потрошувачка на гориво од 4.1 Л /100 км (48,8 mpg САД) .

Според германското списание „Дер Шпигел“, C1 е автомобил со втора најдобра економичност на горивото кај бензинските мотори (по „ Тојота Приус“ )[2] и кај дизел моторите (по „ Смарт ФорТу“ ).[3]

Во јануари 2010 година, Групацијата ПСА Пежо Ситроен објавила дека повлекува „под 100 000 единици“ на C1 и Пежо 107, поради неисправност на педалот за забрзување.[4]

Мотори

уреди
Бензински мотор
Модел Мотор Зафатнина Моќност Вртежен момент 0–100 км/ч

(0–62 mph)

Највисока брзина 2 емисија (g/km)
1.0i 12V I3 998 cc 68 PS (50 kW; 67 hp) на 6,000 вртежи во минута 93 N⋅m (69 lbf⋅ft) на 3,600 вртежи во минута 14.3 s 158 км/ч (98 mph) 106
Дизел мотор
Модел Мотор Зафатнина Моќност Вртежен момент 0–100 км/ч

(0–62 mph)

Највисока брзина 2 емисија (g/km)
1.4HDi 8V I4 1398 cc 55 PS (40 kW; 54 hp) на 4,000 вртежи/m 130 N⋅m (96 lbf⋅ft) на 1,750 вртежи/м 15.6   s 140 км/ч (90 mph) 109

Опсег (Велика Британија)

уреди
  • Vibe, достапен со три врати или со пет врати, бил основниот и најевтин модел. Немал централно заклучување ниту електрични прозорци. Достапен само со мотор 1.0i.
  • Rhythm, достапен со три врати или со пет врати, со далечинско централно заклучување, со крилни ретровизори во боја, со две странични воздушни перничиња и моторен бројач. Достапен со дизел 1.4 HDi или бензински 1.0i мотор.
  • Code, достапен со три врати или пет врати и со мотор 1,4 HDi, 14 инчни алуминиумски бандажи, полукожни седишта и поцинкувана внатрешност.
Специјални изданија (Велика Британија)
  • The Cool -заснован на Vibe, со додадена климатизација и со сини седишта.
  • Airplay - заснован на The Rhythm, со целосна iPod врска. Овој модел првично бил претставен на Меѓународниот британски саем за автомобили, во јули 2006 година.

Дизајнерот Франко Збаро создал екстремен C1, наречен C1 GT, дизајн концепт што ја следи истата тема од неговиот претходен концепт Ситроен Ксара Пикасо. Екстремни каросериски одлики со многу широки тркала и вратички, заедно со изменетиот 1.6L мотор, сопирачки C2VTR и C4 WRC кој достигнал брзина од 130 mph (210 км/ч).

Во Португалија постои комерцијална ван верзија наречена Entreprise, опремена со дизел мотор 1.4L и достапна само во каросерија со три врати, за урбана употреба. Пежо 107 нуди идентична верзија.

Во Велика Британија, електричната корпорација Електрик автомобили продава електричен автомобил заснован на C1, наречен Citroën C1 ev'ie од 30 април 2009 година. На тој датум цената била 16.850 фунти, односно, „двојно поголема од цената на бензинската верзија“.[5][6][7]

Изглед на возилото 2009

уреди

Во јануари 2009 година, новиот изглед на Ситроен C1 бил лансиран истовремено со оној на Пежо 107 и на Тојота Аго. Новиот C1 имал нов преден браник во кој имало нова решетка. Основниот модел Vibe станал „VT“, а Rhythm станал „VTR“. Имало промена на седиштата и контролите за вентилација, а сите модели добиле предни браници со код во боја и нови бандажи на тркалата.

Моторите главно останале исти, но измените биле дека 1.0 бензинскиот мотор 1,4 испуштал 106 g/km CO2 а потрошувачката на гориво била до 3.9 L/100 км (60 mpg‑US) Дизел моторот HDi останал непроменет, повторно достапен само во повисока спецификација. Три нови бои биле додадени.

Изглед на возилото 2012

уреди

Ситроен направил понатамошни промени на возилото и во март 2012 година. Промените вклучувале:

  • Нов браник
  • Нови LED светла за дневно осветлување
  • Подобрена економичност на горивото
  • Управувач со нов стил
  • Ажуриран ЦД плеер

Безбедност

уреди

Според статистиките на германскиот автомобилски клуб во мај 2010 година, Ситроен C1 (податоците се групирани со „ Peugeot 107“ и „Toyota Ago“ ) е на врвот на суб класата мали автомобили, во однос на ниските стапки на дефект постигнати за автомобили не постари од четири години.[8][9] Заостанувачи во класата биле „ Шевролет Матиз“ (0-3 години стари автомобили) и „ Смарт Фортво“ (4-5 години стари автомобили).

Тест резултати на Euro NCAP
Citroën C1 1.0 5 врати LHD хечбек (2005)[10]
Тест Место Рејтинг
Adult occupant: 26      
Child occupant: 37      
Pedestrian: 14     

Резултатот од Еуро НЦАП од 4 ѕвезди е намален на 3 ѕвезди заради фејслифтот од 2012 година.

Втора генерација (2014 година - денес)

уреди
Втора генерација Ситроен C1
 
Втора генерација Ситроен C1
ПроизводителСитроен
Период2014-денес
Моделна година2014-денес
Склопен воКолин, Чешка (ТПСА)
СегментА
Каросерија
Погонски распореднапречен преден погон, предна влеча
Мотор
  • 1.0 L 1KR-FE I3 (бензин; KGB40)
    1.2 L EB2 I3 (бензин; PAB40) 1.0 L 1KR-FE I3 (petrol; KGB40)
    1.2 L EB2 I3 (бензин; PAB40)
Меѓуос. раст.2.340 мм
Должина3.470 мм
Ширина1.620 мм
Висина1.468 мм
Тежина1775 lb
 
Заден изглед

На Саемот за автомобили во Женева во 2014 година, Ситроен го откри новиот изглед, целосно редизајнирана верзија на C1, која е изградена во фабриката на Toyota Peugeot Citroën Automobile Czech (TPCA) во заедничко вложување меѓу Peugeot 108 и Toyota Ago.

Продажба

уреди
Година Светско производство Продажба во светот Белешки
2009 година 116.100 [11] 117.000
2010 година 102.250 105.200
2011 година 88.669 87.673 [1] Вкупното производство достигнало 639.760 единици.
2012 година 65.800 [12] 66.700 Вкупното производство достигнало 705.600 единици.
2013 година 58.470 [13] 59.500
2014 година 64.650 [14] 62.500
2015 година 60.630 62.100

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Memento March 2012“ (PDF). PSA Peugeot Citroën. March 2013. Посетено на 2013-05-01.[мртва врска][мртва врска]
  2. „Die sparsamsten Benziner (German)“. Der Spiegel. 2007-02-06. Посетено на 2008-11-28.
  3. „Die sparsamsten Diesel (German)“. Der Spiegel. 2007-02-06. Посетено на 2008-11-28.
  4. „Peugeot follows Toyota in Car Recall“. BBC News. 2010-01-30. Посетено на 2011-06-02.
  5. Webster, Ben (2009-04-30), „Electric Citroën C1 car is ready, but government grants are not“, The Times, London, Архивирано од изворникот на 2011-06-12, Посетено на 2013-05-01
  6. „Car Reviews – First Drive“, Autocar, 2009-04-30, Посетено на 2013-05-01
  7. „The Electric Car Corporation Launches the Citroën C1 ev'ie – The UK's First 4 Seat All-Electric Production Car“, theautochannel.com, 2009-04-30, Посетено на 2013-05-01
  8. Rudschies, Wolfgang; Dieckmann, Hendrik; Kroher, Thomas (2010). Ramstetter, Michael (уред.). „Die ADAC Pannenstatistik 2009“. ADAC Motorwelt (May): 26–27.
  9. „Pannenstatistik – Kleinstwagen“, ADAC Motorwelt, May 2010, Посетено на 2010-05-13
  10. „Euro NCAP results for Citroën C1 1.0 5 врати LHD хечбек“. euroncap.com. 2005.
  11. „PSA Peugeot Citroën 2010 Registration Document“ (PDF). PSA Peugeot Citroën. 2011-04-22. Архивирано од изворникот (PDF) на 5 June 2017. Посетено на 2012-11-29.
  12. „Memento Mars 2013“ (француски). PSA Peugeot Citroën. 21 February 2013: 50. Архивирано од изворникот на 2020-04-20. Посетено на 31 July 2013. Наводот journal бара |journal= (help)[мртва врска]
  13. „PSA Group Annual Report 2014“. PSA Peugeot Citroën. 20 February 2015. Посетено на 22 December 2016.
  14. „PSA Group Annual Report 2015“. PSA Peugeot Citroën. 24 February 2016. Посетено на 22 December 2016.

Надворешни врски

уреди