Сиромашни и богати

Сиромашни и богати - музички албум на македонската рок-група „Хахаха“, објавен во 2012 година, како издание на „Moonlee Records“ од Љубљана.

СодржинаУреди

Албумот содржи десет песни:[1][2]

  1. Храбар Нов Свет
  2. Колку назад можеш да се вратиш?
  3. Сиромашни и богати
  4. Втора смрт
  5. Кон своите се вртиш
  6. Пробав да се исклучам
  7. Секој работи
  8. Ако се одвојам од болката
  9. Фанариотска приказна
  10. Ја полниш земјата со смрт

Опис на албумотУреди

На албумот настапуваат членовите на групата: Васко Атанасоски (гитара и вокал), Ненад трифуновски (бас-гитара) и Џано Куч (тапани), како и гостите: Владан Дробицки (тромбон на петтата и на седмата песна), Панче Бјуклиев (електричен клавир на петтата и на седмата песна) и Кристина Горовска (вокал на втората и дајре на седмата песна). Членовите на групата се автори на аранжманите, додека музиката и текстовите се дело на Васко Атанасоски. Албумот е снимен во „МКЦ - Скопје“ во мај-јуни 2012 година, а снимањето, продукцијата, миксот и мастерингот ги направил Ненад Трифуновски. Дизајнот на албумот го направиле членовите на групата и Fitz aka Feetz. На предната страна на обвивката е прикажанa сликата на холандскиот сликар Герард Терборх, „Дете го чисти своето куче од болви“.[1]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Хахаха, Сиромашни и богати, HMRL 027, Moonlee Records, 2012.
  2. www.moonleerecords.com, Xaxaxa Siromašni i bogati (пристапено на 29.11.2020)