Сириничкиот Ледник е ледник кој се наоѓа на Шар Планина во надолна долина кај преминот Превалец. Ледникот се наоѓа на 2.000 до 2.000 метри надморска висина. На површината се забележуваат голем број на циркови со остри врвови. Низ тие циркови се спуштале многу ледници, кои обично завршувале во долините на реките Бистрица и Лепенец. Името го добил според областа Сириниќ[1] на Косово.

Цирковите се најизразени во селото Јажинце на самата граница со Србија (Косово). Над селото започнува долина која се вика Блаташница, која всушност е бочна долина на која се наоѓаат цирковите од Шар Планина кои се наречени Дера. Низ целата долина на Блаташница течел ледник кој се спојувал со други ледници. На Љуботен поради стрмноста на теренот не можело да се развијат ледници. Истиот случај е и со Кобилица[2].

Наводи

уреди
  1. Годишен зборник бр. 1, 1948, Урошевиќ А. Шарпланинска жупа Сириниќ
  2. Cvijić, J. (1900). L’epoque glaciaire dans le Peninsule des Balkans. Annales de Geographie, IX (46), p. 359-372.