Синдром на постериорна реверзибилна енцефалопатија

Синдром на постериорна реверзибилна енцефалопатија (СПРЕ) е ретка состојба во која делови од мозокот се зафатени со оток, вообичаено како резултат на некој причинител. СПРЕ може да се манифестира со главоболка, визуелни нарушувања, и напади, а во некои случаи со конфузија или хемипареза. Се нарекува „постериорна“ затоа што доминантно, иако не исклучиво го зафаќа задниот дел на мозокот (париеталниот и окципиталниот лобус). Вообичаени причинители се значително зголемен крвен притисок, бубрежна слабост, тешки инфекции, одредени лекови, некои автоимуни болести, и преекламспија. Дијагнозата се поставува со магнетна резонанца (MRI) на која може да се забележат деловите со оток.

Синдром на постериорна реверзибилна енцефалопатија
СинонимиPRES
Синдром на постериорна реверзибилна енцефалопатија
СпецијалностНеврологија
КомпликацииИнтракранијална хеморагија[1]

Третманот на СПРЕ е супортивен: отстранување на причинителот и третман на компликациите, како што е примена на антиконвулзиви во случај на напад. СПРЕ може да биде искомплициран со интракранијална хеморагија, но таа настанува релативно ретко. Повеќето од случаите целосно опоравуваат, иако кај некои може да се јават и резидуални симптоми. СПРЕ бил опишан за прв пат во 1996.

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Liman.