Синдром на полицистични јајчници
Синдром на полицистични јајчници (PCO) претставува вид на хиперандрогено нарушување кај жените. Тој претставува збир на неколку симптоми, како: дебелина, изостанување на менструацијата, зголемена влакнетост и полицистични јајчници.
Дијагноза
уредиСпоред ротердамските критериуми, синдромот PCO се поставува ако се присутно два од следниве три симптоми:[1]
- ретка овулација или целосно отсуство на овулација
- клинички или биохемиски знаци на зголемено ниво на машки хормони (тестостерон)
- полицистични јајници утврдени со ултразвучен преглед
Синдромот PCO е најчеста причина за изостанок на овулација и е придружен со нарушувања на метаболизмот, како што е инсулинската резистенција, која е присутна кај 50-70% од дебелите пациентки и претставува глевн фактор за појавата на овој синдром. Инсулинската резистенција и компензаторната хиперинсулинемија играат важна улога во појавата на зголемена секреција на андрогени во синдромот РСО и во изостанувањето на овулацијата.[2]