Синдикат

(Пренасочено од Синдикати)

Синдикат е организација на работници која се залага за зачувување и унапредување на условите за работа.

Работници во каталонска текстилна фабрика

Функции на синдикатите

уреди

Основни функции на синдикатите се:

  • Социјални функции: На своите почетоци, синдикатите обезбедувале различни типови помош за своите членови при невработеност, болест, старост и трошоци за закоп, но денес, во многу развиени земји, овие функции ги презема државата. Сепак, и денес синдикатите обезбедуваат правна помош, професионална обука и слично.
  • Колективно преговарање: Во случаите кога синдикатите се признат партнер во индустриските односи, синдикатите водат преговори со работодавци и државата за склучување на колективни договори, со кои се утврдува висината на платата и останатите права од работен однос.
  • Индустриски акции: За исполнување на своите барања и заштита на работничките права синдикатите често организираат штрајкови.
  • Политички активности: За промовирање на своите барања синдикатите вршат и политички активности како: поднесување предлог закони, лобирање, или финансиска поддршка за кандидатите или политичките партии кои ги застапуваат интересите на работниците.

Видови синдикати

уреди

Синдикатите можат да се поделат според повеќе критериуми:

  • Според начинот на организирање постојат: струкови синдикати, во кои членуваат работници од иста струка, без разлика на индустриската гранка или местото на работење; индустриски (грански) синдикати, кои се организираат на ниво на индустриска гранка, без разлика на струката на своите членови; општи синдикати во кои се зачленуваат работници без разлика на струката, квалификацијата и индустриската гранка во која се вработени.
  • Според типот на основната организација на синдикатот постојат претпријатни (синдикатите се организираат на ниво на претпријатие) и територијални синдикати (синдикатите се организираат на одредена територија).
  • Според идеолошката определба постојат социјалдемократски, комунистички, анархистички, демохристијански синдикати, како и синдикати без одредена идеолошка ориентација.
  • Според отвореноста за примање членови синдикатите се делат на отворени синдикати (кои не вршат дискриминација во поглед на етнички, верски, расни, или идеолошки причини) и затворени синдикати (кои вршат дискриминација по некоја од наведените основи).

Позитивното влијание на синдикатите

уреди

Поддржувачите на синдикатите нагласуваат дека работничкото движење (и синдикатите како негов составен дел) е заслужно за ставањето крај на детскиот труд, за подобрувањето на условите за работа, за зголемувањето на платите како на членовите на синдикатите така и на не-членовите, за намалувањето на работното време, за воведувањето на социјални стандарди од страна на државата и слично.

Критики на синдикатите

уреди

Противниците на синдикатите ги обвинуваат дека ги штитат само синдикализираните работници наспроти оние што не се синдикализирани или што се невработени. Исто така им забележуваат дека делуваат наспроти интересите на потрошувачите и на акционерите во синдикализираните претпријатија со своите притисоци за зголемување на платите.

Неолибералистичките критичари на синдикатите особено го нагласуваат тоа дека работната сила е стока, која синдикатите ја претвораат во монопол, со што настанува нарушување на слободниот пазар.

Притисоците кон зголемување на платите на синдикализираните работници, во услови на глобализација, ги мотивираат компаниите се почесто да ги пренесуваат своите бизниси во неразвиените земји со ниско платена работна сила.

Синдикатите во Република Македонија

уреди

Во Република Македонија постојат четири национални синдикални федерации: