Симпатомиметик

(Пренасочено од Симпатомиметичен лек)

Симпатомиметиците се лекови кои внесени во организмот даваат ефекти слични на оние кои се добиваат при дразнење на симпатикусот.Некои од овие лекови се создаваат во организмот, додека другите се добиваат синтетски. Почетна материја од која се создаваат овие лекови во организмот е аминокиселината тирозин,од која со понатамошна редица ензими се создаваат : ТИРОЗИН –ДОПА-ДОПАМИН-НОРАДРЕНАЛИН И АДРЕНАЛИН

Механизам на дејство

уреди

Симпатомиметиците можат да имаат директно дејство (директна интеракција помеѓу лекот и рецепторот), како што имаат α-адренергичните агонисти, β-адренергичните агонисти, и допаминергичните агонисти; или пак индиректно дејство (не настанува интеракција помеѓу лекот и рецепторот), како кај MAO-инхибиторите, COMT-инхибиторите, стимулаторите на ослободувањето на катехоламините, и инхибиторите на повторното преземање, кои ги зголемуваат нивоата на ендогени катехоламини.

Примери

уреди

Допамин

Допаминот служи за синтеза на норадреналинот. Има транмсмитерска улога во централниот нервен сист(ЦНС), а е добар дилататор на крвните садови во бубрезите.Најголеми количества Допамин се најдени во ЦНС, во т.н базални ганглии.Тој се користи за конзервирање на бубрезите кои се пресадуваат

Адреналин

Најголеми количества адреналин се наоѓаат во сржта на надбубтежната жлезда, а помали количества во ЦНС. Тој е хормон чии количества нагло се зголемуваат во крвта при стрес. Адреналинот дејствува во организмот преку два рецептори : преку алфа и бета рецептори, врз кои делува симулантно. Неговото дејство врз алфа рецепторите е појака во споредба со онаа на бета рецепторите. Стимулацијата на алфа рецепторите доведува до вазоконстрикција, до забрзана и зголемена срцева работа. Стмулацијата на бета рецепторите доведува до вазодилатација, бронходилатација, поголем број на метаболни дејства а исто така и до забрзана и зголемена срцева работа.Стимулацијата на бета рецепторите доведува до вазодилатација, бронходилатација, поголем број на метаболни дејства и исто така и до забрзана и зголемена срцева работа.

Норадреналин

Норадреналинот се наоѓа во некои региони во ЦНС, каде што веројатно и игра улога на нервотрансмитер. На периферија се излачува на постганглиските аденергични неврони каде што игра улога на нервотрансмитер, односно пренесител на импулси од нервот на ефекторниот орган. Норадреналинот исто како и адреналинот дејствува на два вида рецептори , односно на алфа и бета рецептори , но неговото дејство врз бета рецепторите во споредба со она врз алфа рецепторите е незнацително. Според тоа овој лек ќе биде појак вазоконстриктор од адреналинот, бидеќи врши вазоконстрикција во сите регии на телото. Неговите дејства врз срцето се слични на адреналинските и по интензитет и по квалитет.Со други зборови и тој ја зголемува ударната сила на срцевиот мускул, брзината и спроводливоста како и надразливоста на срцевата работа.

Ефедрин

Алкалоид кој се добива од билката Ehedra vulgaris, а денеска најчесто синтетски. Во централниот нервен систем покажува стимулансно дејство, при што го стимулира респираторниот и кардиоваскуларниот центар, како и сетилните зони во кората на големиот мозок. На периферија има слични дејства како адреналинот и норадреналинот, со таа разлика што дејството му започнува побавно, но затоа трае подолго.Врз крвните садови покажува вазоконстриктично дејство, на срцето има дејства слицни на адреналинот и норадреналинот, врз крвниот притисок исто така делува како другите два споменати лекови, имено ја зголемува и забрзува сцевата работа.

Синефрин

Синтетски добиен сипатомиметик кој по своето дејсто се наоѓа некаде меѓу адреналинот и ефедринот и тоа во однос на брзината со која му настапува дејството и времетраењето на дејството. Врз ЦНС не дејствува. На крвните садови и срцето квалитативно слицно дејство како и адреналинот. На крвниот притисок исто така, но тој ефект е подолготраен.

Неосинефрин

Ова е синтетички добиен симпатомиметик, кој нашол добра примена како назлен вазоконстриктор, а освен то се користи при спинална анестезија, при ортостатска хипотезија.

Нафазолин

Нафазолинот е исто така синтетички добиен симпатомиметик со доста јако вазоконстрикторно дејство. Се користи како деконгестор на носна мукоза, во концентрација од 0,1%.

Амфетамин

Амфетаминот е синтетички добиен сиппатомиеметик , кој во споредба со другите лекови од оваа група , има најјаки централни стимулативни дејства, додека неговите пероферни дејства се слицно со адреналинските и норадреналинските, но доста послаби. Дејствува врз ЦНС. Делува стимулативно врз сетилните зони, формацио ретикуларис, врз центарот за дишење и крвотокот во медула облонгата. Овие стимулативни дејства се манифестираат со зголемена ментална активност, со поголем дух и морал, со добри прерфорации во спортски дисциплини. Нема дејјство врз интелигенцијата. Амфетаминот е лек кој доведува до зависност од него ако се користи во долг временски период.