Сизиф (дијалог)
Сизиф (грчки: Σίσυφος) ― дело за кое се тврди дека е еден од дијалозите на Платон. Дијалогот е сочуван и бил вклучен во изданието на Стефан (Анри Естјен), објавено во Женева во 1578 година. Сега е општо признаено дека е неточно. Делото веројатно датира од четвртиот век п.н.е., а авторот се претпоставува дека бил ученик на Платон.[1]
Синопсис
уредиСтанува збор за дијалог меѓу Сократ и Сизиф од Фарсал. Сизиф верува дека размислувањето овозможува да се најде најдобриот начин на дејствување, но Сократ е збунет од тоа што е размислување и зошто тоа би требало да се разликува од претпоставките. До крајот на дијалогот, станува јасно дека Сизиф не знае што е тоа размислување.[1] Се чини дека дијалогот вклучува идеја за добро размислување (евбулија) за која Исократ бил забележан експонент.[1][2] Авторот го користи поимот „дијалегесте“[3] на неплатонски начин за да се однесува, не на дијалектиката, туку на она што Платон го сметал за еристично.[4]
Датирање
уредиКарл Вернер Милер вели дека делото Сизиф може да биде датирано од средната третина на 4 век п.н.е., и, препоставувајќи дека наводот кон „Калистрат“[5] е до Калистрат од Афидне, до периодот помеѓу Калистратовата смртна казна во 361 година и неговото погубување (до 350 година), кога никој немал потреба да праша „Кој е Калистрат?“ туку постојаното менување на местоположбата од страна на Калистрат, се сменило вистинското прашање во „Каде е Калистрат?“.[6] Франческо Аронадјо исто така го датира делото во Платоновиот животен век и го сместува во рамки на кругот на Платотовата Академија.[7] Шлајермахер имал мислење дека делото можеби било напишано во Мегарската школа.[8]
Дијалогот е слободно парафразиран во „За советувањето“ на Дион Златоуст (говор 26), најраниот пример на познат автор кој се повикува на дело на Appendix Platonica (нотеуомени).[9]
Забелешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 D.S. Hutchinson, introduction to "Sisyphus," in John M. Cooper and D. S. Hutchinson (eds.), Plato, Complete works, Indianapolis: Hackett, 1997, pp. 1707-8.
- ↑ Carl Werner Müller, Die Kurzdialoge der Appendix Platonica, Munich: Wilhelm Fink, 1975, pp. 79-82.
- ↑ Pseudo-Plato, Sisyphus, 338d8, 390b6
- ↑ Müller 1975, p. 104
- ↑ Pseudo-Plato, Sisyphus, 388c
- ↑ Müller 1975, p. 103
- ↑ John M. Dillon, review of F. Aronadio, Dialoghi spuri di Platone (Торино, 2008), in Bryn Mawr Classical Review 2010.03.05.
- ↑ Friedrich Schleiermacher, Kritische Gesamtausgabe, Berlin: Walter de Gruyter, 1988, part 1 (Schriften und Entwürfe), vol. 3 (Schriften aus der Berliner Zeit, 1800-1802), p. 366.
- ↑ C.W. Müller, "Appendix Platonica und Neue Akademie: Die pseudoplatonischen Dialoge Über die Tugend und Alkyon," in Döring, Erler, and Schorn (eds.), Pseudoplatonica (Stuttgart, 2005), p. 155.
Надворешни врски
уреди- Сизиф предевена од Џорџ Бурџес
- Бесплатна верзија на аудио книга од јавен домен на Сизиф преведена од Џорџ Бурџес
- Apocrypha аудио книга од јавен домен на LibriVox. Збирката го вклучува Сизиф. Џорџ Бурџес, преведувач (1855).