Сидли (планина)

највисок вулкан на Антарктикот
(Пренасочено од Сидли (вулкан))

Сидли (англиски: Mount Sidley) — највисокиот вулкан на Антарктикот со висина од 4.181–4.285 м.[1][2] Ова е штитест вулкан претежно покриен со снег и највисокиот од петте вулкани во Венецот на Извршниот Комитет на Земјата на Мери Берд. Планината има калдера широка 5 км[3] на јужната страна и се наоѓа североисточно од планината Вејше во јужниот дел на венецот.

Сидли
Mount Sidley
Поглед на калдерата на Сидли од југозапад
Највисока точка
Надм. вис.4.285 м [1][2]
Истакнатост2.517 м [1]
Заведена какоседум вулкански врвови, ултра
Координати77°02′S 126°06′W / 77.033° ЈГШ; 126.100° ЗГД / -77.033; -126.100[1]
Географија
Сидли на карта

Карта

МестоЗемја на Мери Берд, Антарктик
Матичен венецВенец на Извршниот Комитет
Геологија
Видштитест вулкан
Вулканско полеВулканска покраина на Земјата на Мери Берд
Искачување
Прво освојување1990, Бил Аткинсон (Нов Зеланд)

Планината ја открил американскиот поморски офицер и истражувач Ричард Берд со авионски прелет на 18 ноември 1934 г. Ја нарекол по Мејбел Сидли, ќерка на стопанственикот и добротвор Вилијам Хорлик кој придонел за Бердовата експедиција во 1933–35 г.[4] И покрај неговата висина, големата оддалеченост и непристапност, за оваа планина се знае мошне малку во споредба со многу попристапниот Еребус, кој е втор вулкан по висина на континентот и се наоѓа близу америкаската и новозеландската база на Росовиот Остров.

Првото освојување на Сидли го направил Новозеланѓанецот Бил Аткинсон на 11 јануари 1990 г. додека помагал во теренските истражувања на Американската антарктичка програма.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Antarctica Ultra-Prominent Summits“. peaklist.org. Посетено на 24 декември 2013.
  2. 2,0 2,1 . The map above showed the elevation as 4.181 м.
  3. Panter, Kurt S.; Kyle, Philip R.; Smellie, John L. (септември 1997). „Petrogenesis of a Phonolite-Trachyte Succession at Mount Sidley, Marie Byrd Land, Antarctica“. Journal of Petrology. 38 (9): 1225–1253. doi:10.1093/petroj/38.9.1225. ISSN 0022-3530.
  4. „Mount Sidley“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 24 декември 2013. (англиски)
  5. Gildea, Damien (2015). Mountaineering in Antarctica: complete guide: Travel guide. Primento. ISBN 9782511031346.

Литература

уреди