Сива патка
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Потсемејство: Anatinae
Род: Anas
Вид: Сива патка
Научен назив
Anas strepera
Карл Лине, 1758
Подвидови

Сивата патка или брешката (Anas strepera) е честа и проширена патка од редот гусковидни. Ја има и во Македонија.

Распространетост

уреди

Брешката се пари во северните делови од Европа и Азија, и централна Северна Америка. Распространетоста на оваа птица се проширува во источна Северна Америка. Таа е птица преселница. Нејзината состојба на зачуваност е најмалку загрозена.

Опис

уреди
 
Младенче
 
Мажјак

Брешката е 46–56 см долга со 78–90 см распон на крилја.[2] Мажјакот е малку поголем од женката, кој тежи во просек 990g, а женката тежи 850g. Во сезоната на парење, мажјакот има сива боја, со црна позадина, светли костени крилја и брилијантно бели летачки пердуви, очигледни во лет или во мирување.[3] Вон сезоната на парење, мажјакот е сличен на женката, но е малку посив одоздола и има помалку портокалова боја на клунот. Женката има светлокафеава боја, со перја како женската дива патка. Таа може да се разликува од тој вид по темно-портокаловиот раб на клунот, помала големина, белите летачки пердуви и белиот стомак.[3] Брешката е потивка патка, со исклучок за време на додворувањето. Женките имаат повик сличен на квак како дивата патка но со повисок тон, нешто како гаг аг аг аг. Мажјаците, пак, се огласуваат со свиркање и со звук како ннеек.[4]

Живеалиште и поведение

уреди

Сивата патка живее крај езера или бавни реки богати со водни растенија. Претежно се храни со растителна храна, но зимно време јаде и животинска. Гнездата ги прави на земја, обично подалеку од водата. Не е толку друштвена како другите патки вон сезоната на парење и формира само мали јата.

Размножување

уреди

Гнездата обично се скриени под некое дрво, на земја, и претставуваат дупка покриена со растенија и пердувчиња. Несат 5-14 жолтеникави или зеленикави јајца. Ги лежи само женката, додека мажјакот е секогаш во близина на гнездото. Испилените младенчиња се доволно развиени за да можат самостојно да се хранат.

 
Mareca strepera

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2009). „Anas strepera“. IUCN Red List. Version 2009.2. International Union for Conservation of Nature. Укажано повеќе од еден |author= и |last1= (help)
  2. Floyd, 2008
  3. 3,0 3,1 Dunn and Alderfer, 2006
  4. Madge, Steve; Burn, Hilary (1988). Wildfowl: An Identification Guide to the Ducks, Geese and Swans of the World. Christopher Helm. стр. 200–202. ISBN 0-7470-2201-1.

Надворешни врски

уреди