Сибирска мачка — раса средно долговлакнеста домашна мачка, која потекнува од Сибир, Русија. Најверојатно, произлегува од вкрстувањето на европските раси мачки и дивите мачки во сибирските шуми. Расата се појавила природно и се одликува со добро здравје и прилагодлив карактер.[1][2]

Сибирска мачка

Изглед

уреди

Оваа мачка достигнува големи размери и тежи 6 — 15 кг за мажјаци и 3,5 — 8 кг за женки. Таа зрачи со сила и моќ што е во спротивност со нејзината мила муцка. Целото тело остава впечаток на заобленост, што не се должи на вишокот килограми, туку на нејзината особена скелетна структура. Има долг дебел слој што не ја пропушта влагата и дебел потслој. Главата е со трапезоиден облик и заоблена контура, средна до голема и во склад со телото. Големи, речиси тркалезни очи, чија боја може да биде зелена, жолто-кафеава, портокалова. Ушите се средни до големи, заоблени на врвот и малку напред, по можност снопчести влакна слични на рис. Екстремитетите се со средна должина, задните се малку подолги од предните. Шепите се големи, тркалезни, со задолжително влакно меѓу прстите. Опашката е густа, со тап врв, цилиндрична и исклучително власеста. Некои претставници имаат карактеристична грива. Зрелоста се постигнува односително бавно, само на околу 5-годишна возраст, што е својствено за поголемите раси мачки и за оние што се родени природно. Боите се различни — црвена, кремаста, црно-кафеава со или без бели дамки. Се претпочитаат традиционални бои, кои се во пругасти, ишарани и мермерни разновидности.[3][4]

Наводи

уреди
  1. Morris, Desmond (1999). Cat Breeds of the World; A Complete Illustrated Encyclopedia. Viking. ISBN 9780670886395.
  2. „Siberian cat“. CFA.org. Cat Fanciers' Association (CFA).
  3. „Siberian Breed Standard“ (PDF). TICA.org. The International Cat Association. 1 May 2005. Посетено на 8 February 2023.
  4. „Breed Profile: The Siberian“. CFA.org. Cat Fanciers' Association. Архивирано од изворникот на 10 April 2018. Посетено на 27 June 2018.

Надворешни врски

уреди