„Серпико“ (англиски: Serpico) – филм на режисерот Сидни Лумет (Sidney Lumet) од 1973 година. Главните улоги ги играат: Ал Пачино (Al Pacino), Џон Рендолф (John Randolph), Џек Кехоу (Jack Kehoe), Биф Мегваер (Biff McGuire), Барбара Еда-Јанг (Barbara Eda-Young) и Корнелија Шарп (Cornelia Sharpe). Филмот е снимен по вистинити настани, опишани во книгата на Питер Мас (Peter Maas).[1]

Синопсис

уреди

Ранетиот полицаец Френк Серпико (го игра Ал Пачино) е донесен во една болница, каде го посетува неговиот претпоставен, капетанот Меклејн (го игра Мегваер) за да му даде поддршка. Тогаш, започнува приказната за Серпико, кој по завршувањето на полициската академија чесно и со голем елан започнува да работи во полицијата. Меѓутоа, со својата чесност и со бескомпромисното залагање, тој набргу се стекнува со голем број непријатели меѓу неговите колеги. Серпико живее под наем во боемскито кварт Гринич Вилиџ и се забавува со убавата танчерка Лесли (ја игра Шарп), но таа врска трае кратко, по што тој започнува нова љубовна врска, овојпат со сосетката Лори (ја игра Еда-Јанг). Незадоволен од колегите во неговата полициска станица, Серпико бара да го преместат на нова работа и така станува полицаец во цивилна облека. Набргу, тој дознава за корупцијата што е раширена низ полицијата и му се обраќа на детективот Сидни Грин (го игра Рендолф), кој пак го упатува кај капетанот Меклејн. Меклејн го поврзува со обвинителот, а тој бара од Серпико да собере докази и да сведочи против колегите...

Наводи

уреди