Бекија
Бекија (англиски: Bequia) е вториот најголем остров во Гренадините, дел од островската држава Свети Винцент и Гренадини. Островот има вкупна површина од 18 км2. Бекија се наоѓа на 15 километри јужно од Кингстаун, Свети Винцент.
Географија | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Место | Карипско Море | ||||||||||
Координати | 13°0′N 61°14′W / 13.000° СГШ; 61.233° ЗГД | ||||||||||
Површина | 7 sq ми | ||||||||||
Држава | |||||||||||
Демографија | |||||||||||
Население | околу 5,300 | ||||||||||
Дополнителни податоци | |||||||||||
|
Помеѓу Петит Невис и Бекија има две мали карпи, едната по име Сент Елерс Ки и Семплерс Ки (северното), едни спроти Спринг Естејт, три на северниот врв на стровот, и две на јужниот дел на островот. Сите е ненаселени и многу мали, како издигнати карпи.
Етимологија
уредиИмето на островот потекнува од аравачкиот, што значи „остров на облаците“
Географија
уредиБекија е мал остров со вкупна површина од 18 км2. На островот живеат околу 5.300 жители. Населението е воглавно со африканско, шкотско и карипско потекло. На островот се доселиле и добар број на Барбаќани во 1860 година. Главен административен центар на островот е Порт Елизабет. Од Порт Елизабет има траект до Пагет Фарм, локацијата на аеродромот на островот. Покрај Порт Елизабет, на островот се наоѓаат и селата Лоуер Беј, Ла Помп, Хамилтон и Белмонт.
Туризам
уредиБекија е познат во крстарењето со јахти и во туристичкиот карипски свет. Островот нуди бројни туристички понуди, меѓу кои и нуркањето, особено во некои од плитките подводни пештери.
Сообраќај
уредиАеродром Џ. Ф. Мичел е локалниот аеродром за мали авиони, кој се наоѓа во Пагет Фарм. Има дневни летови до Кингстаун, Бриџтаун и другите околни острови.
До Бекија има редовни траектни линии од Свети Винцент. Овие траекти се од Кинстаун до Порт Елизабет. Покрај овие има и чартер тури до останатите острови во регионот.
Островот има стандардна современа комуникациска мрежа, фиксна, мобилна и интернет мрежа.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- Barnett, Edward (1866). „The Grenadines“. The West India Pilot. 2. London: Hydrographic Office, Admiralty.
- Kilgore, Cindy; Moore, Alan (2011). Adventure Guide Grenanda, St. Vincent and the Grenadines. Hunter Publishing. ISBN 9781588436245.