Семериншка железница
Семериншката железница (германски: Semmeringbahn) е првата планинска железница која била изградена во Европа и се наоѓа во Австрија. Била изградена во периодот од 1848 до 1854 година, а во нејзината изградба учествувале 20.000 работници. Таа вклучува вкупно 14 тунели, 16 вијадукти, 11 железни моста, како и над сто камени моста.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | Културен: ii, iv |
Навод | 785 |
Запис | 1998 (22ро заседание) |
Објектот бил вклучен во списокот на УНЕСКО во 1998 година.