Секретаријатот на Обединетите нации е главниот административен орган на организацијата. Него го сочинуваат Генералниот секретар на ООН и службеници, односно служби, што и се потребни на Организацијата. Постојат три категории на службеници и тоа: прва, во која спаѓаат Генералниот секретар и неговите заменици, втората, меѓународни службеници - специјалисти и третата во која спаѓаат лицата од техничкиот персонал (секретари, дактилографи, курири и слично).

Секретаријат на ООН
Секретаријат на ООН
ВидОсновен орган
Правен статусАктивен
Мреж. местоun.org/en/index.html

Генералниот секретар се избира од страна на Генералното собрание по препорака на Советот за безбедност. Неговиот мандат трае пет години при што тој може да биде избран одново по истата постапка. Секретаријатот врши технички услуги за органите на Обединетите нации, ги подготвува заседанијата, ги публикува нивните изданија, извештаите и другите релевантни документи, при што е одговорен и за нивната дистрибуција. Надлежен е и за водење и чување на архивите и за објавување на нејзините официјални документи.

Литература

уреди
  • Игор Јанев, International organizations and Integrations, pub. Institute of Political Studies, Belgrade, 2008, ISBN 978-86-7419-151-4
  • Игор Јанев, Statutary order of International Organizations, Institute of Political Studies, Belgrade, 2009, ISBN 978-86-7419-191-0