Северозападни соломонски јазици

Јужноновоирски-северозападни соломонските јазици, или познати само како северозападни соломонски јазици, се подгрупа на новоирските јазици, од групата на океански јазици. Јазиците се зборуваат на островите Бугенвил и Бука (остров)Бука во Папуа Нова Гвинеја и на островите Шоасел, Нова Џорџија и Санта Изабел во Соломоните. Единството на групата, класификацијата и односите меѓу јазиците биле основани од Малколм Рос.[1] Етнолог ги именува јазиците како јужноновоирски-северозападни соломонските јазици и ги вклучува патпатарско-толајските јазици, а другите класификации даваат други односи меѓу јазиците.

Јужноновоирски-северозападни соломонски јазици
Северозападни соломонски јазици
Географска
распространетост:
Соломони и Папуа Нова Гвинеја
Класификација:австронезиски
Гранки:

Јазици

уреди

Оваа група е составена од следниве јазици:

Базата на основни австронезиски зборови од 2008 година[2] предложила помала група составена од шпаселските, изабелските и новоџорџиските јазици. Оваа студија укажува дека со сигурност од 90% шоаселските и новоџоџиските јазици сочинуваат засебна група, а најразлични се сантаизабелските.

Според Етнолог, групата е доста голема и има околу 50 јазика[3]:

- минигирски јазик
- шоаселски јазици (4)
- моноанско-уруавански јазици (4)
- неханско-бугенвилски јазици (10)
- новоџорџиски јазици (13)
- патпатарско-толајски јазици (9)
- пиванско-банонски јазици (2)
- сантаизабелски јазици (7)

Наводи

уреди

Литература

уреди
  • Ross, Malcolm D. (1988). Proto Oceanic and the Austronesian languages of Western Melanesia. Canberra: Pacific Linguistics.
  • Bill Palmer (2005). North West Solomonic materials Архивирано на 9 октомври 2007 г.. University of Surrey, UK.
  • Bill Palmer (2010). Materials in Northwest Solmonic languages (Solomon Islands and Bougainville) Архивирано на 29 февруари 2012 г.. University of Newcastle, Australia.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди