Северен Округ (Хонгконг)

Северниот Округ - најсеверниот округ од 18-те окрузи на Хонгконг. Сместен е во североисточниот дел на Новите Територии. Новиот град Фанинг-Шеунг Шуј е во рамките на оваа област. Имал население од 298.657 жители во 2001 година. Округот има втора најмала густина на население во Хонгконг.

Северен
北區
Округ
Северен Округ
Денски поглед на Долината Лонг во Северниот Округ
Денски поглед на Долината Лонг во Северниот Округ
Местоположба на Северниот Округ во Хонгконг
Местоположба на Северниот Округ во Хонгконг
ДржаваНародна Република Кина НР Кина
Регион Хонгконг
ЕдиницаНови Територии
Изборни окрузи16
Управа
 • Претседател на Окружниот советЛау Тинг-Так (Независен)
 • Потпретседател на Окружниот советЧан Јук-Минг
Површина
 • Вкупна168 км2 (65 ми2)
Население (2016)
 • Вкупно315.270
 • Густина1,900/км2 (4,900/ми2)
Час. појасХонгконшко време (UTC+8)
Мреж. местоNorth District Council
Северен Округ
Традиционално 北區
Упростено 北区
Кантонски јитпинг Бак1 кеој1
Фанлинг Нов Град
Фанлинг Вај

Се граничи со градот Шенжен со реката Шам Чун. Повеќето главни точки за пристап до Кина од Хонгконг лежат во оваа област. Северниот Округ е околу 168 км2 во површина.

Демографија

уреди

Според статистичките податоци, 70% од населението во округот живее во јавните имоти во Фанлинг-Шеунг Шуј Нов Град. 40 000 селани кои живеат околу двата градски центри и главните рурални градови (Ша Тау Кок и Та Кву Линг) претставуваат најголем број жители во областа.

Разно

уреди

Северниот крај на пешачката патека Вилсоновата Патека се наоѓа во Северниот Округ. Патеката завршува кај Нам Чунг.

Превоз

уреди

Северниот Округ го опслужува источна железничката линија, фанлингскиот автопат, сантинскиот автопат и шаутаукокскиот пат.

МТР станици

уреди
  • Станица Фанлинг
  • Станица Шеунг Шуј
  • Станица Ло Ву (крај на источната железничка линија)

Гранични премини

уреди
  • Ша Тау Кок (пат)
  • Ман Кам То (пат)
  • Ло Ву (воз)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди