Себастијан Фицек
Себастијан Давид Фицек (роден на 13 октомври 1971 година во Западен Берлин) е германски писател и новинар. Неговата прва книга, Терапија била бестселер во Германија во 2006 година, соборувајќи го Кодот на Да Винчи од првата позиција.[1] Фицек моментално е еден од најуспешните германски писатели.[2]
Биографија
уредиСебастијан Фицек е роден во Западен Берлин, Западна Германија и пораснал со неговиот татко, директор на Гимназијата Лилиентал, и неговата мајка, учителка. По гимназијата во Шарлотенбургер Валд-Гимназија, Фицек започнал да студира ветеринарство, но престанал по 3 месеци. Посетувал правен факултет до првиот државен испит, докторирал по авторско право и потоа работел како главен уредник и програмски директор за различни радио станици во Германија.[3]
Тој ја напиша својата прва книга со наслов Професор Удолф Бух дер Намен со Јирген Удолф, објавена во 2005 година. Од 2006 година, Фицек започнал да пишува психолошки трилер романи, кои станале бестселер.
Идејата за неговиот прв роман Терапија ја добил во 2000 година додека ја чекал девојка мѕ во чекалната на ортопедската ординација. Содржи слични теми на урбаната легенда „Исчезната хотелска соба“ (позната и како Дама што исчезнува ), меѓутоа, инспирацијата од приказната не е официјално потврдена. По 13 одбивања од различни уредници, тој конечно ја издал својата книга во јули, 2006 година. Одеон Филм АГ (гер: Odeon Film AG) ги откупила филмските права и потоа била претворена во ТВ серија во 2023 година. Во 2007 година, романот бил номиниран за најдобро криминално деби за наградата Фридрих-Глаузер.
Неговиот следен роман, Надвор од контрола, бил објавен во 2007 година и Голдкајнд Филм АГ ги откупиле филмските права за него. Во 2012 година, излегла прва филмска верзија на Детето.
На 29 октомври 2016 година, ја објавил својата книга Пакетот.
Во 2017 година го објави Осма ноќ и неговата прва книга за деца наречена Пупси и Стинки заедно со илустраторот Јорн Столман. Во 2017 година, Осма ноќ била најпродаваното белетристичко дело во Германија.
Во 2018 година, „Подарокот“ било најпродаваното белетристичко дело во Германија. Затвореникот се искачил на број 3.
Кон крајот на февруари 2018 година, тој ги создал Наградите Виктор Крим, каде што се доделува нов глас за трилер и крими литература. Прв победник била писателката Михаела Кастел со Толку темна шума.
Влијанија
уредиСпоред самиот Фицек, тој бил инспириран од Енид Блајтон, Михаел Енде и Алфред Вајдеман за време на неговото детство, а подоцна и од Стивен Кинг, Мајкл Крајтон и Џон Гришам. Денес, тој чита се од Харлан Кобен.
Личен живот
уредиСебастијан Фицек живее во Берлин. Со сопругата се оженил во 2010 година. Во август 2019 година, објавил дека се разделува од сопругата преку Фејсбук. Фицек има 3 деца.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Reviews: Fitzek, Sebastian - 'Therapy' (translated by Sally-Ann Spencer)“. Euro Crime. 17 January 2014. Посетено на 11 November 2015.
- ↑ „Buchtipp: "Das Geschenk": Sebastian Fitzek – Der Rockstar unter den Romanautoren“. www.handelsblatt.com (германски). Посетено на 2020-08-03.
- ↑ „Schreiben als Therapie“. DIE WELT. 2006-08-26. Посетено на 2021-01-04.
- ↑ WELT (2019-08-05). „Sebastian Fitzek trennt sich von seiner Ehefrau“. DIE WELT. Посетено на 2021-01-04.