Себастијан Гриф

германско-француски книжар

Себастијан Гриф (француски: Sébastien Gryphe, 29 март о. 1492 во Ројтлинген, Германија - 1556 во Лион, Франција) бил германски книжар-издавач и хуманист.

Животопис уреди

Тој бил син на Мишел Гриф (Greif, Gryff, Gryph), и од него го научил занаетот на печатење, во Германија а потоа и во Венеција. Околу 1520 дошол во Лион каде останал да работи како книжар.

Во прво време Гриф најчесто печател дела од правото и администрацијата, во готско писмо. Потоа се префрлил на латински класици. Тој исто така преведувал и грчки автори на латински. Објавувал дела на неговите современици Еразмо, Гијом Биде и Полициано.

Во 1540, Франсоа Рабле дошол кај Гриф за да ги објави своите преводи на Хипократ, Гален и Џовани Маинарди.

Семејство уреди

Неговиот брат Франц (Франсоа) бил печатар на rue des Carmes во Париз од 1532. Другиот брат, Јохан (Жан), останал во Венеција, каде исто така печател.

Надворешни врски уреди