Црква „Св. Пантелејмон“ - Солун

црква во Солун
(Пренасочено од Св. Пантелејмон (Солун))

Свети Пантелејмон (грчки: Ναός Αγίου Παντελεήμονα) — доцновизантиска црква во Солун, Егејска Македонија, прогласена за светско наследство на УНЕСКО.[1]

Ранохристијански и византиски споменици во Солун
светско наследство на УНЕСКО
Критериумкултурно: i, ii, iv
Навод456
Запис1988 (XII заседание)
Координати40°37′59″N 22°57′04″E / 40.6331° СГШ; 22.9512° ИГД / 40.6331; 22.9512

Сместена е во источниот дел на стариот град, близу Гробницата на Галериј („Ротонда“), на раскрсницата на улиците „Јасинуду“ и „Аријану“. Посветена е на Св. Пантелејмон дури по Отоманското владеење во 1912 г. а првичното име сè уште е спорно. Во 1548 г. црквата е претворена во џамија и нарчена „Исакова џамија“, поради што повеќето стручњаци сметаат дека постои непосредна поврзаност доцновизантискиот манастир „Богородица Привлепта“ или „Исаков манастир“[2], наречен по неговиот ктитор — солунскиот митрополит солунски митрополит Јаков (1295-1315), кој се замонашил под името Исак. Другото гледиште е дека оваа врска не постои, туку дека црквата е претворена во џамија околу 1500 г. и наречена по солунскиот кадија Ишак Челеби[3]. Сепак, архитектонските особеини и живописот од XIII и почетокот на XIV век одат во полза на првото толкување.

По градба, четворен крстосводен тип, со припрата (нартекс) и (денес непостоечки) трем меѓу двата параклиса, кои се зачувани. Зачувано е многу малку од некогашниот фрескопис поради варосувањето при пренамената во џамија. Од османлискиот период е зачувана основата на минарето и мермерниот шадрван.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Црква „Св. Пантелејмон, Солун". Одисеј. Министерство за култура на Грција. Архивирано од изворникот на 2013-02-18. Посетено на 30 јули 2012.
  2. Λ. Τσακτσίρα, Κ. Παπανθίμου, Γ. Μάντζιου, Ν. Καλογήρου (2013). Θεσσαλονίκη: η πόλη και τα μνημεία της. Θεσσαλονίκη: Μαλλιάρης Παιδεία. стр. 116–117. ISBN 960-239-668-7.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Ε.Κουρκουτίδου-Νικολαϊδου & Α.Τουρτα, Περίπατοι στη Βυζαντινή Θεσσαλονίκη, Καπον, Αθήνα 1997, ISBN 960-7254-46-5 σ.45

Надворешни врски

уреди