Свод на Галериј (Солун)

античка знаменитост на Солун

Сводот на Галериј (грчки: Τόξο του Γαλερίου) и гроб на Галериј (грчки: Τάφος του Γαλερίου) — антички споменици кои се наоѓаат во градот Солун, Егејска Македонија. Гробот на римскиот цар Галериј е познат како „Ротонда на Галериј“ и „Ротонда на Свети Ѓорѓија“.

Свод на Галериј
Αψίδα του Γαλέριου
Поглед кон сводот
Карта
Општи податоци
СтилСтароримска архитектура
ГрадСолун
ЗемјаГрција
Почната4 век

Во почетокот на IV век во времето на царот Галериј биле изградени овие структури, меѓу кои се наоѓал и палатата, од која има остатоци од југозапад.[1] Овие три објекти биле поврзани помеѓу себе. Сводот бил изграден по победата на царот над Сасанидското Царство и паѓањето на Ктесифон.[2] Ротондата, во текот на своето постоење била користена како пагански, христијански, муслимански и повторно христијански храм. Од претходната џамија, останато е само мирарето без врвот.

Наводи

уреди
  1. The palace of Galerius was built on a massive scale using primarily local materials, perhaps over the destruction layer of a fire that cleared an area for the complex. Expansive areas of mosaic are preserved in several areas. A structure linked to the palace and called the Octagonal Room is at the southwest end of the excavated area at 40°37'48.53"N, 22°56'55.99"E; this was thought at one point to be a mausoleum, but may have actually been a monumental entryway to the palace. Beside the palace to the northeast was a Hippodrome.
  2. At this point Galerius was a Caesar (subordinate emperor); he became one of the two Augusti (head emperors) in 305 CE, when Diocletian abdicated.

Надворешни врски

уреди

40°37′59.97″N 22°57′10.61″E / 40.6333250° СГШ; 22.9529472° ИГД / 40.6333250; 22.9529472