Свјатослав Всеволодович Киевски или Свјатослав III (1151-1202) бил руски средновековен владетел, киевски кнез од 1180 година.

Животопис

уреди

Свјатослав бил брат на черниговскиот кнез Јарослав (умрел во 1198 г.),[1] како и братучед на кнезовите Игор и Всеволод Свјатославич. Тој делумно ги обединил руските кнезови и во 1184 година ги победил Половците, кога го заробил нивниот хан Кобјак, заедно со други нивни водачи и со вкупно 7.000 Половци. Меѓутоа, следната година, кнезовите Игор и Всеволод презеле поход против Половците при што претрпеле пораз, со што им овозможиле на Половците повторно да навлезат во руските земји, по што повторно се разгориле кавгите меѓу руските кнезови. Свјатослав се споменува во поемата „Слово за походот Игорев“, каде е наречен „татко“ на руската земја, како најстар меѓу родот на Олеговичите. Во неговиот дворец имало голема сала (наречена „гридница“) во која се приредувале гозби, а подоцна служела и како место во кое ги затворале заробениците. Така, ханот Кобјак и другите половецки ханови, заробени во 1184 година, биле чувани во гридницата.[2] Неговото кнежевство се простирало од Карпатите до утоката на Дунав во Црно Море.[3]

Наводи

уреди
  1. „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 61.
  2. „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 58-59.
  3. „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 64.

Наводи

уреди