Свети Илија (врв)

врв на планината Боздаг во Драмско, Егејска Македонија

Свети Илија (грчки: Προφήτης Ηλίας, Профитис Илијас) — највисокиот врв на планината Боздаг (Драмски Боздаг) во Драмско, Егејска Македонија. Висок е 2.232 м.[1] Се наоѓа во пределот Дебелина во средниот дел на планината. Врвот е доста изложен, гол и каменлив, покриен со сиромашна растителност. Има впечатлив конусовиден облик гледан од соседниот врв Карталка.

Свети Илија
Προφήτης Ηλίας
Свети Илија гледан од соседниот врв Вардина
Највисока точка
Надм. вис.2.232 м
Координати41°17′37″N 24°05′40″E / 41.2935° СГШ; 24.0944° ИГД / 41.2935; 24.0944
Географија
Свети Илија на карта

Карта

МестоДрамско, Егејска Македонија
Матичен венецБоздаг
Карта

Од соседниот врв Вардина е одделен со длабокото седло Ноштвите. На југозапад Свети Илија се граничи со карстна пропаст длабока преку 1.300 м; таа е една од најзабележителните глетки на планината.

Во западното подножје на врвот на 2.111 м.н.в. е сместена пропасната пештера Снежницата (Χιονότρυπα, Хионотрипа), која е длабока преку 100 м. Таму проаѓа скијачки спуст и жичница на скијачкиот центар „Боздаг“ („Фалакро“).

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Oreivatein.com Архивирано на 16 октомври 2013 г.