Свети Афан
Свети Афан Билтски (велшки: Sant Afan Buellt; латински: Avanus) ― велшки епископ, маченик и светец од почетокот на 6 век. Неговиот празник е воглавно поставен на 17 ноември, иако Деметискиот календар порано користен во јужен Велс го ставал на 16-ти;[1] повеќе не се почитува ниту од англиканската[2] ниту од католичката црква во Велс.[3]
Афан Билтски | |
---|---|
Црквата „Св. Афан“ во Лалафан Фаур | |
Епископ | |
Роден(а) | 5 или 6 век, |
Починал(а) | 6 век, Лалафан Фаур |
Канонизација | Пред конгрегацијата |
Главно светилиште | Лалафан Фаур Лалафан |
Слава | 16 или 17 ноември (застарен празник) |
Заштитништво | Лалафан Фаур Лалафан |
Име
уредиАфан како машко име во Велс е веројатно заем од латинското име Амандус.[1] На велшки, тој понекогаш е познат како Есгоб Афан („Епископ Афан“) од неговата титула и како Афан Буелт или Буалт од неговата епархија околу Билт во Брихеиниог.[1]
Живот
уредиСвети Афан бил син на Кедиг на Кередиг, син на Кунеда Вледиг, кралот на Гвинед.[4] Преку оваа лоза, тој бил братучед на Свети Давид, светецот-заштитник на Велс. Мајката на Афан е различно дадена како Двивај,[5] Дегфед („Десетта“),[6] Тегфед, или Тегвед,[1] за сите се вели дека биле ќерки на Тегид Ќелавиот, господар на Пенлин во Меирионид, кој бил сопруг на волшебничката Керидвен во велшката легенда.
Афан бил основач на Ланафан во Кередигион и уште двајца (Ланафан Фаур и Ланафан Фечан) во Брекнокшир. Запишан е како епископ, иако неговата епархија останува непозната.[1] Можеби бил третиот епископ на Ланбадарн во Кередигион,[1][7] бискуп над Билт со седиште во Ланафан Фаур,[1][8] или ја имал титулата без никаква надлежност надвор од неговата парохија.[1] Неговата смрт била спомената дека од поради мачеништво од раката на ирски или дански пирати на бреговите на реката Чуефру.[1] За него се тврдело дека е предок на епископот Јеуан од 10 век, кој исто така бил маченик од викиншките разбојници.[9]
Чуда
уредиЧудото, раскажано од Гералд Камбриски/Велшки, тврдело дека англо-норманскиот лорд Филип де Браозе бил ослепен и видел како неговите ловечки кучиња полуделе кога една ноќ без почит ја користел црквата „Св. Афан“ во Брекнокшир како импровизиран хостел. Му било кажано дека неговата визија ќе се врати само ако реши да ги напушти своите имоти и да се бори во Крстоносните војни. Некои велат дека видот му бил вратен по неговото ветување[9], но Гералд запишува дека отпатувал во Светата земја и се борел слеп, каде што „веднаш бил погоден од удар од меч и така го завршил својот живот со чест“.[10]
Наследство
уредиСе вели дека Свети Афан ја основал парохијата во Ланафан во Кередигион (сега Ланафан и Травсгоед), чија сегашна црква служи како капела за селото Ланафан и блискиот имот Травсгоед. Во неговата територија се наоѓа семејната крипта на грофовите од Лизбурн.
Две цркви му биле посветени на него, во ѓаконаријата на Билт: Ланафан Фаур („Голем Ланафан“) и Ланафан Фечан или Фач („Мал Ланафан“), кој на крајот станал познат како Ланфечан.[1] Неговите мошти се побарани од страна на Ланафан Фаур кое служело како место за аџилак во средниот век. На гробот на Свети Афан во дворот на црквата е испишан HIC IACET SANCTUS AVANUS EPISCOPUS („Тука лежи Свети Аван, епископ“) со длабоко исечено, малку украсено ломбардско писмо. Сегашната гробница, сепак, не е постара од крајот на 13 век.[1]
Браун Вилис, исто така, сметал дека „Свети Афран“ почестен во Лантрисант на Англеси е видоизменување на Афан.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 Baring-Gould, Sabine (1907). The Lives of the British Saints: The Saints of Wales and Cornwall and such Irish Saints as have Dedications in Britain. London: Charles J. Clark, for the Honourable Society of Cymmrodorion. стр. 114–115.
- ↑ The Church in Wales. "The Book of Common Prayer for Use in the Church in Wales: The New Calendar and the Collects Архивирано на 15 декември 2014 г.". 2003. Пристапено на 7 јануари 2023.
- ↑ The Catholic Church in England and Wales. "Liturgy Office: November 2015". Catholic Bishops' Conference of England and Wales, 2014. Пристапено на 7 јануари 2023.
- ↑ Rees, Rice. An Essay on the Welsh Saints Or the Primitive Christians, Usually Considered to Have Been the Founders of the Churches in Wales, p. 208. Longman, Rees, Orme, Brown, Green, & Longman, 1836.
- ↑ Bromwich, Rachel (ed.) Trioedd Ynys Prydein: The Triads of the Island of Britain, pp. 506 f. University Of Wales Press, 2006. ISBN 0-7083-1386-8.
- ↑ Wade-Evans, A. W. Vitae Sanctorum Britanniae et Genealogiae: The Lives and Genealogies of the Welsh Saints. 1944.
- ↑ Enwogion Cymru 1852: 29
- ↑ „St. Afan“. Saints and Angels. Catholic Online. Посетено на 7 јануари 2023.
- ↑ 9,0 9,1 Jones, Terry. „Afan“. Patron Saints Index. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2008. Посетено на 7 јануари 2023.
- ↑ Gerald of Wales (1978). The Journey Through Wales and the Description of Wales. Penguin Classics. стр. 78–79. ISBN 0-14-044339-8.
- Williams, Robert (1852). Enwogion Cymru: A Biographical Dictionary of Eminent Welshmen, from the Earliest Times to the Present, and Including Every Name Connected with the Ancient History of Wales. England: Oxford University.
Надворешни врски
уреди- Ланафан Фаур на Castles of Wales, вклучително и фотографии од гробот на Афан