Света Перпетуа и Фелицитата

картагински маченички од III век

Перпетуа и Фелицитата се христијански светци и маченици од 3 век.

Перпетуа и Фелицитата
Martyrs
Починал(а) 203, Картагена
Почитуван(а) во Римокатоличка црква, Православие, Древноисточни цркви, Англиканство, Лутеранство
Слава Римокатоличка црква:

Православие:
1 февруари[1][2]

Заштитништво мајките, бремените

Во времето на царот Септимиј Север биле фрлени во затвор како христијани. Света Перпетуа била од благороден род. Според христијанското верување таа ги храбрела сите останати затвореници во самицата да не се плашат да пострадаат. Во сон Перпетуа видела скала од земјата до небото сета наредена со остри ножеви, мечеви, копја, јадици, клинци и со други смртоносни оружја. А на дното на скалата лежела страшна змија. И видела како Сатир прв истрчал по скалата до врвот неповреден, па од врвот ѝ викнал на Перпетуа: “Перпетуа, те чекам, ајде, но варди се од змијата!” Охрабрена со тоа, Перпетуа ѝ застанала на главата на змијата како на прво скалило, па со ред брзо истрчала до врвот. Кога се искачила до врвот, влегла во небесата, ги видела прекрасните дворови небесни и била мошне радосна. Кога го раскажала својот сон, сите затвореници протолкувале дека им претстои скорешна смрт и тоа прво на Сатир. Тоа брзо и се остварило. Прв бил убиен Сатир, па Перпетуа, па останатите со ред[3].

Православната црква неговиот ден го чествува на 1 февруари.

Наводи

уреди
  1. Great Synaxaristes: (грчки) Ἡ Ἁγία Περπέτουα ἡ Μάρτυς καὶ οἱ σὺν αὐτῇ. 1 Φεβρουαρίου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.
  2. Martyr Perpetua, a woman of Carthage. OCA - Feasts and Saints.
  3. „Охридски пролог“ стр. 44