Света Агата Сицилиска
Света Агата е христијански светец и маченик од III век.
Агата Сицилиска | |
---|---|
светец, маченик | |
Роден(а) | 231[1], Катанија или Палермо, Сицилија |
Починал(а) | 251, Катанија |
Почитуван(а) во | римокатоличка црква православие древноисточни цркви |
Слава | 5 февруари |
Обележја | ножици, клешти |
Заштитништво | Сицилија |
Родена е во сицилијанскиот град Палермо од благородни и имашни родители. Кога царот Дециј Трајан почнал гонење на христијаните света Агата била фатена и изведена на суд пред судијата Квинтинијан. Според христијанските верувања, судијата ја видел Агатија многу убава во лицето и посакал да ја има за жена. Кога тој тоа го предложил ѝ на Агатија, таа му одговорила дека e невеста Христова. Судијата ја ставил на тешки маки и мачења. Во затворот ѝ се јавил Апостол Петар и ѝ го вратил целосно телесното здравје. Повторно била изведена на мачење и повторно била фрлена во затворот каде што ја предала својата душа на Бога во 251 година во градот Катана, а во времето на царот Дециј Трајан[2].
Православната црква неговиот ден го чествува на 5 февруари.
По неа е наречено гратчето Сантагата Болоњезе во Емилија-Ромања, Италија, каде денес се произведуваат автомобилите „Ламборгини“.