Саше Ивановски Политико (28 август 1980 во Шопско Рударе, Кратовско) — македонски новинар и уредник на електронскиот медиум Мактел[1]. Ивановски дипломирал на електротехничкиот факултет во Скопје, а потоа заминал на печалба во странство како работник на брод и келнер во угостителските објекти во Њујорк.[2] Новинарската кариера ја започнал во Наша ТВ со емисијата „Политико“ која се емитувала во периодот 2011–2012. Во 2013 го основал порталот Мактел каде работел како негов уредник. Бил основач и на дневниот весник „Политико“ кој згаснал една седмица по неговиот прв број.[3] Ивановски бил носител на пратеничката список на партијата Народно движење за Македонија (НДМ) во третата изборна единица на парламентарните избори во 2014 каде освоил 619 гласови и не успеал да стане пратеник.[4] Во мај 2013 се оженил со скопјанката Марина Лазаревска со која има еден син.[5] Во 2014 година го основа неговиот портал "Мактел" maktel.mk. Во 2024 година, е автор и водител на емисијата "Интервју" на Наша ТВ. Од 2024 година, е водител на емисијата "Разговори со..." која се емитува на интернет телевизијата ЕМ Телевизија.

Наводи

уреди
  1. „www.maktel.mk“. Посетено на 22 јануари 2024.
  2. Саше Политико: Да Латасе, јас сум од Кратово, а сега да ти раскажам за мојата биографија и образование Бриф.мк (20.11.2013)
  3. Биографија на Саше Ивановски Политико Архивирано на 20 јули 2016 г. MediaPedia (12.10.2013)
  4. Саше Политико закана за Јанко Бачев[мртва врска] Република (28.04.2014)
  5. Фото: Се ожени Саше Политико Архивирано на 25 февруари 2017 г. Press24 (13.05.2013)

Надворешни врски

уреди