Сахама

највисока планина во Боливија

Сахама — згаснат стратовулкан и највисок врв во Боливија.

Невадо Сахама
Највисока точка
Надм. вис.6542 м
Истакнатост2428 м
Заведена какоНајвисок врв
Ultra
Координати18°06′18″S 68°52′46″W / 18.10500° ЈГШ; 68.87944° ЗГД / -18.10500; -68.87944
Географија
Невадо Сахама на карта

Карта

МестоДепартман Оруро, Боливија
Матичен венецАнди
Геологија
Видстратовулкан
Последен избув679,000 years ago.[1]
Искачување
Прво освојувањеавгуст 1939
Џозеф Прем
Најлесен патдиректно поаѓање од селата Тамерипи, Сахама или Лагунас

Местоположба

уреди

Планината се наоѓа во Департман Оруро, во провинцијата Сахама[2]. Невадо Сахама се наоѓа во истоимениот национален парк во југозападниот дел на земјата, околу 16-24 километри од границата со Чиле.

Опис

уреди

Врвот на планината претставува изолиран конус, но е геолошки комплексен, со лавини куполи од андезитски и риодацитски состав. Датата на последната ерупција на вулканот е непозната, иако се смета дека последно бил активен во времето на Холоценот. Овде расте растението Polylepis tarapacanaна висина од над 5.200 метри надморска височина, и е едно од највисоките надморски височини на кое може да се најде некаде во светот.

Искачување

уреди

Џозеф Прем го направил првиот обид да се искачи на планината во 1927 година од страна на северозападниот гребен, но овој обид останал неуспешен. По уште неколку обиди, Премм достигнал до врвот во август 1939 година преку потешкиот југоисточен гребен.

Од населеното место Сахама, еден планинарски тим може да се искачи на планината за два или три дена, доколку временските услови се поволни. Во моментов најлесно за искачување е преку патеките на северозападниот гребен. Оваа патека е технички лесна, има потреба од минимална планинарска опрема и не претставува никаква посебна тешкотија освен некои снежни патеки.

Во август 2001 година, две екипи од Сахама и боливиските планински водичи одиграле фудбалски натпревар на врвот на планината Сахама, во обид да покажат дека самата надморска височина не е ограничување на физичкиот напор[3][4]. Всушност, целта била да се изрази протест против одлуката на ФИФА да ја прекине употребата на Ла Паз како место за одржување на меѓународни фудбалски натпревари, поради неговата голема височина.

Наводи

уреди
  1. Jiménez, Néstor; López-Velásquez, Shirley; Santiváñez, Reynaldo (October 2009). „Evolución tectonomagmática de los Andes bolivianos“. Revista de la Asociación Geológica Argentina (шпански). Buenos Aires. 65 (1). ISSN 1851-8249. Посетено на 6 October 2015.
  2. „Map of Curahuara de Carangas Municipality and population data“. Архивирано од изворникот на 2014-11-11. Посетено на 2017-12-12.
  3. Enever, Andrew (7 August 2001). „Bolivian footballers reach new high“. BBC News. Архивирано од изворникот на 21 October 2007.
  4. „L'Internaute website: Football at 6542 m“. High Altitude Pathology Institute. Архивирано од изворникот на 8 October 2011.

Надворешни врски

уреди