Саун Томе (остров)

остров во Саун Томе и Принсип


Саун Томе (португалски: São Tomé, „Свети Тома“) е остров во африканската држава Саун Томе и Принсип. Островот има вкупна површина од 854 км2 и воедно е најголем остров во државата. Според податоците од мај 2018 година на островот живееле околу 193.380 жители, или 96% од вкупното население на државата. Островот е поделен на четири окрузи. Саун Томе се наоѓа на 2 км северно од екваторот.

Саун Томе
Познат и како Островот Саун Томе
Географија
МестоГвинејски Залив
Координати0°14′N 6°36′E / 0.233° СГШ; 6.600° ИГД / 0.233; 6.600
Површина859 км2
Должина48 км
Ширина32 км
Највисоко место2.024 м
Највисока точкаВрв Саун Томе
Држава
Саун Томе и Принсип
ПокраинаСаун Томе
Најголема населбаСаун Томе (pop. 56,166)
Демографија
Население193,380 (2018)
Густина225 /km2 (583 /sq mi)

Географија

уреди

Саун Томе има должина од 48 километри, а ширина од околу 32 километри. Највисока точка на островот е 2.024 метри, односно „Врвот Саун Томе“. Таму се наоѓа главниот град на државата, Саун Томе. Најблизок град на континентална Африка од Саун Томе е Порт Гентил во Габон, кој е оддалечен 240 километри источно. Околу островот има голем број малечки островчиња, меѓу кои Ролас, Кабрас и Габадо.

Јазик

уреди

Главен административен јазик на островот (и во државата) е португалскиот. Сепак, на островот се зборуваат и португалските креолски јазици, анголски и фороански.

Геологија

уреди

Островот е всушност масивен вулкански надморски израсток, вулкан кој излегува од Атлантскиот Океан. Вулканот има 3000 метри под нивото на морето. Овој е дел од вулканите кои се протегаат од Камерун до Атлантскиот Океан. Најмладите карпи на островот се стари 100.000 години.

Административна поделба

уреди

Саун Томе е поделен на шест окрузи (окружните седишта се во заграда):

  1. Агва Гранде (Саун Томе)
  2. Кантагало (Сантана)
  3. Кауе (Сао Жоао дос Анголарес)
  4. Лемба (Невес)
  5. Лобата (Гвадалупе)
  6. Ме-Зоши (Тринидад)

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  • „Sao Tome“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
  • CIA Word Fact Book Архивирано на 18 септември 2015 г.

0°14′N 6°36′E / 0.233° СГШ; 6.600° ИГД / 0.233; 6.600