Сариса

долго старомакедонско копје

'Сариса[ελληνικα: "Σάρισσα"] копје со две острици на обата краја, со должина од 3 до 7 метри, кое го користела македонската фаланга. Ова оружје било исклучително тешко како за копје, со тежина од преку 5 кг. Острицата му била кратка, железна и во облик на лист. Копјето имало и бронзен „чевел“ на другиот крај, со помош на кој се прицврстувало на земјата против непријателски јуриш. Неговата огромна должина била голема преднст над хоплитите и други војници со помали оружја, бидејќи непријателот морал да ја помине сарисата за да може да дојде до самиот војник. Меѓутоа сарисата била бескорисна доколку војниците не биле распоредени во густи редови, и истата сигурно би била проблем при марширање. Затоа сарисата била изработена од две половини кои се спојувале со метален ремен пред самата битка. Ова на фалангата ѝ овозможувало нормална подвижност.

Војници ракуваат долги сариси
Македонска фаланга во битка

Во густа формација, фалангата правела „ѕид од копја“, каде копјата биле доволно долги за да сочинуваат пет реда копја пред првиот ред војници—Дури и ако непријателот успеал да го пробие првиот ред копја, го чекале уште четири такви. Задните редови ги држеле копјата косо во воздух заради спремност за напад и одбрана од копја. Македонската фаланга била неранлива од напред за секој вид војска освен иста таква фаланга; единствениот друг начин да се победи бил да ѝ се разбие формацијата и истата да се закрили.

Се смета дека сарисата ја измислил кралот Филип II Македонски, таткото на славниот, Александар Македонски. Филип започнал со строги обуки на војниците кои дотогаш биле деморализирани, учејќи ги да ракуват копје со две раце. Новата тактика била незапирлива, и кон крајот на владеењето на Филип, претходно ранливата македонска држава сега владеела со Грција, Епир и Тракија.

Александар ја искористил оваа тактика за неговите походи во Азија, освојувајќи го Египет, Персија и Павравите (северозападна Индија), каде бил постојан победник. Во секоја битка, фалангата била од круцијално значење. Таа одиграла решавачка улога во Битката кај Гавгамела каде српните двоколки на персискиот крал биле сосема уништени од фалангата, со помош на придружничката коњица и пелтастите (фрлачите на џилити). Александар полека ја намалувал важноста на фалангата (и со тоа на сарисата) менувајќи го начинот на комбинирање на оружје, и додавајќи „азиски“ оружја и војски. Меѓутоа сарисата останала од суштинско значење за секоја хеленска армија, но недоволната обука и вежба заедно со преголемото потпирање на фалангата без многу додатни сили довело до конечен пораз на Македонија од страна на Рим во Битката кај Пидна.