Самарска Лука
Националниот парк Самарска Лука (руски: Самарская Лука национальный парк) го опфаќа најголемиот дел од полуостровот кој е формиран од реката Волга заобиколувајќи ја планината Жигули, најблиските градови се Самара и Жигуловск во Самарската област. На северниот брег, кривината на реката започнува од Кујбишевото Езеро, а на јужниот брег кај Саратовското Езеро, а на север се граничи со природниот резерват Жигули. Паркот е културно важен поради неговата централна позиција за целиот народ што бил таму низ историјата и неговата научна вредност што е резултат на биоразновидноста на неговото блиско сместено наоѓалиште. Територијата на паркот е дел од комплексната биосфера на Средна Волга.[1]
Самарска Лука национален парк | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Место | Самарска област Русија |
Најблизок град | Жигуловск |
Површина | 134 000 ха |
Воспоставен(а) | 1984 година |
Топографија
уредиСамарска Лука се наоѓа на границата на две геолошки плочи: Волгина висорамнина и Волгина низина. Волгината висорамнина е ридски регион на Источноевропските низини, а паркот се наоѓа на североисточната страна. На левиот брег на Волга се наоѓа Волгината низина, подрачје на тектонско корито од глина и песок кои се нанесени од Каспиското Море. Кујбишевото и Саратовото езеро се наоѓаат на Волга на северната и јужната граница на паркот.
Брегот на Волга околу планината Жигули е долг скоро 200 km. Жигули и повеќето карпи во паркот се варовнички формации, со просечна висина од 300 метри. Околу 18% од територијата на паркот Самарска Лука го опфаќа планинскиот венец Жигули на север, 8% се Волгините плавни ливади на југ, а остатокот се шуми и лесостепи. Во источниот дел на паркот има повеќе од 500 варовнички кратери, ширина од 1 до 100 метри и длабочина од 1 до 20 метри.[2]
Екорегион и клима
уредиСамарска Лука лежи во подрачјето на екорегионот „Источноевропска лесостепа“ (WWF ID # 419), транзициона зона помеѓу широколисни шуми на север и пасишта на југ. Овој екорегион на лесостепа се одликува со мозаици на шуми, степи и речни мочуришта.[3]
Климата во Самарска Лука е умереноконтинентална со ладни лета ( Кепенова класификација на климата Dfb ), се одликува со големи температурни промени, и дневно и сезонски, со благи и студени лета, снежни зими. Најстудениот месец е јануари (просечно -10 C); најтопол месец е јули (+20 C). Просечните врнежи се 556 мм. Периодот без мраз е 156 дена. Ветровите дуваат претежно од југозападен правец.[2]
Самарска Лука, Самарска област, Русија Климатограм | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Ј | Ф | М | А | М | Ј | Ј | А | С | О | Н | Д |
1,3
16
4
|
0,9
17
4
|
1
29
15
|
1,1
52
35
|
1,3
69
48
|
1,8
77
56
|
2
80
60
|
1,7
77
57
|
1,5
66
46
|
1,7
48
34
|
1,5
31
22
|
1,4
20
9
|
Прос. мин. и макс. температура во °C Вкупно врнежи во мм |
Флора
уредиПоради својата сложеност и централна позиција, биоразновидноста е разновиден. Растителни заедници вклучуваат Источноевропска степа, степски борови шуми, Источноевропски листопадни шуми, пасишта и поплавни ливади. Во паркот се забележани над 1 500 видови васкуларни растенија. Дрвјата се претежно листопадни - 97%, меѓу кои најчести се липата, дабот и брезата. Околу 3% се мали бели борови шуми на повисоки падини и варовници.[2][4]
-
Северен дел на Самарска Лука
-
Северозападен брег на Волга во Самарска Лука
-
Екстремната северозападна точка на паркот
Фауна
уредиЗначајна одлика на ’рбетниците во паркот е тоа што 30% од видовите живеат на границата на нивните историски опсези. Како резултат, видовите на северна тајга, како што е уралска улулајка, може да се најдат во близина на јужните степски видови, како што е европската пчеларка.[1][4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Samarskaya Luka National Park (Official Park Site)“. FGBU Samarskaya Luka NP. Посетено на 24 јануари 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 „Samarskaya Luka National Park“ (руски). Посетено на 24 јануари 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „East European forest steppe“. Encyclopedia of Earth. Архивирано од изворникот на 14 август 2018. Посетено на 24 јануари 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 4,0 4,1 „Samarskaya Luka National Park - Flora and Fauna“ (руски). Посетено на 27 јануари 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)