Салис Таџер е македонски и израелски кардиохирург. Тој е син на проф. д-р Исак Таџер, кој е еден од основоположниците на Медицинскиот факултет во Скопје и на Македонската академија на науките и уметностите. Салис, како кардиохирург во Израел работел дваесетина години.[1] Таџер во Скопје завршил гимназија, а од Македонија заминал на 19-годишна возраст. Работел како кардиохирург во Тел Авив, Израел сè до 2005, каде се повторно се вратил во Македонија. Моментално работи како главен кардиохирург во кардиолошкиот оддел на болницата Систина во Скопје.[2]

Наводи

уреди
  1. „Израелецот Салис Таџер пет години ќе оперира срца во Македонија“. Нова Македонија. Посетено на 2010-06-10.
  2. „Тим на доктори на Одделот за Кардиохирургија“. Sistina. Посетено на 2010-06-10.