Салашот во Мали Рит (филм)
„Салашот во Мали Рит“ (српски: Салаш у Малом Риту) – југословенски филм од 1976 година, во режија на Бранко Бауер, заснован на истоимената книга на Арсен Диклиќ. Главните улоги ги толкуваат: Славко Штимац, Миливоје Томиќ, Слободан Перовиќ, Миодраг Радовановиќ, Мирољуб Лешо и Светислав Гонциќ.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во измисленото банатско село Мали Рит за време на Втората светска војна. Мали Рит е мирно село чии жители не се спротивставуваат на германската окупација. Партизаните, пак, за да не го привлечат вниманието на германската војска, се воздржуваат од напади врз селото и него го користат како тајна база. Во филмот се прикажуваат доживувањата на малото момче Милан Маљевиќ (го игра Штимац) кое на свој начин се вклучува во борбата против окупаторот. Во една прилика, германските војници земаат неколку заложници од селото при што го малтретираат и едно момче. За да им се одмазди, тоа го пали житото наменето за германската војска, која спроведува истрага предводена од фолксдојчерот Шицер. Тој ги заробува мажите од селото како заложници и почнува да ги стрела еден по еден. Децата од селото, бидејќи знаат дека возрасните не се виновни, преземаат своја акција за да ги спасат заложниците.
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |