Саксонска Швајцарија (национален парк)

Националниот парк Саксонска Швајцарија (германски: Nationalpark Sächsische Schweiz) е национален парк во сојузната покраина Саксонија во Германија, недалеку од главниот град Дрезден. Зафаќа површина од 93,5 км2 и се наоѓа во средиштето на Елпските Песочнички Планини (или Полапски Планини), чие подрачје се нарекува Саксонска Швајцарија.

Национален парк Саксонска Швајцарија
Nationalpark Sächsische Schweiz
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Поглед од Каролафелзен
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value
МестоГерманија Саксонија, Германија
Најблизок градДрезден
Координати50°54′50″N 14°16′41″E / 50.914° СГШ; 14.278° ИГД / 50.914; 14.278
Површина93,5 [[км2]]
Воспоставен(а)1990

Близу овој парк се наоѓа и националниот парк Чешка Швајцарија (чешки: České Švýcarsko) во Чешка.

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Националниот парк се наоѓа во средината на значаен природен предел што зафаќа 710 км2. Овој регион е именуван по паркот, и содржи гратчиња и села како Бад Шандау или Кенигштајн во округот Саксонска Швајцарија.

Околу 40% од паркот е прекриен со шума. Подрачјето е прогласено за национален парк во 1990 г. Се наоѓа - во две географски различни области - во рамките на округот Зексише Швајц-Остерцгебирге.

Пејзаж

уреди

Саксонска Швајцарија се одликува со доста клисурести предели со многу пукнатини. Највисокиот врв во паркот достигнува височина од 556 метри, и се наоѓа близу долината на реката Елба (110 до 120 м над. височина). Поради острата вертикална поделба, местото има неколку различни животни средини и микроклиматски појаси. Во паркот сè уште постојат шумовити места недопрени од човекот, што претставува исклучок во средна Европа. Видовите што живеат во планинските и клисурските предели се загрозени, и тоа ширум Европа. Поради песокливата почва и пукнатините, областа е доста сува и попуста и посурова отколку што е нормално во умерениот климатски појас. Тоа е имено причината за посебноста на местото.

Западна област

уреди

Овој регион ги вклучува зоната Баштај, Лилинштајн и долина на Поленц. На запад се граничи со Велен и Ломен, на север од Ломен и Хонштајн, на исток од Хонштајн и Госдорф и на југ од Поршдорф, Ратен и Велен. Општината Вајцдорф целосно се наоѓа во рамките на западната област. Важни врвови се Лилинштајн (415 м), Баштај (305 м), Хокштајн и Бранд (317 м). Гринбах и поврзаното езеро Амзелзе и Поленц се единствените водени површини.

Источна област

уреди

Источната област ги вклучува зоните на карпите Шрамштајне, планината Гросер Винтерберг, долината Гросер Чанд и внатрешноста на Саксонска Швајцарија (Hinterer Sächsischen Schweiz). На запад се граничи со Бад Шандау и Алтендорф и на север од Алтендорф, Отендорф и Хинтерхермсдорф. На исток и југ се граничи со националниот парк Чешка Швајцарија. Од Шмилка до Бад Шандау, Елба ја создава јужната граница на овој регион. Важни врвови се Гросер Винтерберг (556 м), Куштал (337 м) и Раумберг (459 м). Кирнич е единствената водена површина.[1] [2]

Туризам и рекреација

уреди
 
Папратник долж планинарска патека во паркот

Планинарството и искачувањето се ограничени на дел од паркот заради заштитениот статус. Денес има околу 400 км планинарски патеки, 49,9 км патеки за ридски велосипедизам и 755 места за искачување со околу 12.600 можни маршрути. Паркот и околните предели служат како рекреативни предели за жителите на Дрезден. Во Бад Шандау има станица на железничката мрежа EuroCity и местото е оддалечено од Дрезден околу 45 патување (со Дрезденската С-Железница).

Информациски места

уреди
  • Седишта на националниот парк[3]
    • Центар на националниот парк во Бад Шандау
    • Биро на националниот парк во Бад Шандау
  • Информациски места

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Topografische Karte und Begleitheft Sächsisch-Böhmische Schweiz, Landesvermessungsamt Sachsen, Dresden 2003, ISBN 3-89679-361-6
  2. http://www.gesetze-im-internet.de/bundesrecht/natpsschweizv/gesamt.pdf
  3. http://www.nationalpark-saechsische-schweiz.de/service/service/Infostellen

Надворешни врски

уреди