Садик Садику

политичар

Садик Садику (албански:Sadik Sadiku; Пирок, тетовско, 25 февруари 1930) — македонски просветен и политички деец.

Животопис уреди

Садику е роден во тетовското село Пирок на 25 февруари 1930 година. Завршил гимназија и апсолвирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1970 година. Бил учител и наставник во основно училиште и во гимназија и референт за професионална ориентација во Заводот за вработување во Гостивар. Бил член на Извршниот одбор на Општинската конференција на ССРНМ, член на Претседателството на Општинскиот синдикален совет, претседател на Општинската конференција на СКМ во Гостивар, пратеник и претседател на Административната комисија на Собранието на СРМ и член на ЦК на СКМ на кој бил избран на Петтиот конгрес[1].

Наводи уреди

  1. Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).