Саат-кула (Кичево)
Кичевската Саат-кула или Саат Кулатагори била изградена е во 1741 година за време на османлиското владеење на овие простори[1]. Изградена е под бедемите на легендарното Китино Кале и го зафаќала неговото најниско ниво, веднаш над првите куќи. Саат Кулатагори настрадала во пожар во 1926 година и запустела. Приказната за старата саат кула завршила во 1938 година кога српскиот управител на градот наредува кулата да се урне зашто го потсетувала на турското владеење. Со овој потег градот изгубил еден споменик на културата и свидетел на многу настани низ вековите.
Саат кулата се наоѓала на свиокот на патот кој води кон калето, но од страната на музејот и поранешното кино Партизан. На тоа место сѐ уште се познаваат темелите на овој претставителен објект од минатото на градот. Ѕвоното со кое ги отчукувал часовите потекнува од кнежинскиот манастир. Истото е спасено и денес се наоѓа во храмот Св. Петар и Павле. За механизмот се смета дека е сочуван во некој од дуќаните од чаршијата. Реставрацијата на Саат Кулата е возможна со донација, веројатно од организациите кои се грижат за османлиското наследство на просторите на некогашното Османлиско царство, како на пример „Тика“. Реставрацијата би била дел од целокупниот проект за реставрација на тврдината Китино Кале.
Наводи
уреди- ↑ Димовска - Чоловиќ, Мирјана (2008). Саат кулите во Република Македонија (PDF). Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0.