Сè помина Пит Тонг
Сè помина Пит Тонг е канадски независен филм за Френки Вајлд(Пол Кеј) Ди Џеј кој потполно оглувува. Насловот се однесува на Кокни фраза која се римува и која се употребувала во Британија во 2000 година, однесувајќи се на БиБиСи радио број 1 Ди Џејот Пит Тонг која стои за “се тргна погрешно”. Овој филм беше пуштен на 15 април 2005 година, Ди Ви Ди од филмот беше објавено на 20 септември 2005 година. Освои две награди на Американскиот фестивал за комедии за најдобра главна улога и најдобар глумец (Пол Кеј) и ги зеде сите награди на Џен Арт филмскиот фестивал (големото жири и публиката. Снимен е на неколку локации во Ибица и снимен е целосно во Ха Де. Неколку познати Ди Џеи се појавуваат во филмот како говорници давајќи му на филмот лажно чувство на автентичност. Карл Кокс, Тиесто, Сара Малин, Бери Ешворт, Пол ван Дајк, Лол Хемонд и Пит Тонг се појавуваат во филмот на локации во Ибица употребувани во филмот меѓу кои музичките собиралишта Пача Амнезија, Привилеџ, ДиСи 10, Историскиот Пајк хотел и плажата Кала Лонга.
„Сè помина Пит Тонг“ | |
---|---|
Режисер | Mајкл Даус |
Продуцент | Џејмс Риџардсон Алан Нибло |
Сценарист | Mајкл Даус |
Главни улоги | Пол Кеј Беатриз Бастарда Кејт Магован Мајк Вилмот |
Дистрибутер | Mатсон Филмс |
Премиера | 15 април, 2005 |
Времетраење | 90 мин. |
Јазик | Англиски Шпански |
Бруто заработка | $1,591,879 (во цел свет) |
Содржина
уредиВо почетокот на филмот Френки Вајлд е нашироко успешен Ди Џеј на островот за забава Ибица. Тој има договор за снимање, настапува во високо познати ноќни клубови и има луксузна вила со неговата жена-ловец на трофеи и нејзиниот син. Во секвенци на зборување во главата, повремените вештини за гласна музика на грамофонска плоча кај овој Ди Џеј се особено изразени во овој период. Исто така е евидентно дека Френки има зависности од кокаин и алкохол (во халуцинациите неговата зависност од дрога е претставена од џиновски, заканувачки јазовец). Неговата кариера ја води егоистичниот, бесчувсвителен супер-агент Макс Хагар.
Губењето на слухот
уредиГубењето на слухот кај Френки најпрвин се забележува кога тој слуша големо квичење наместо фудбалски меч на Арсенал на телевизија. Во овој период Френки го прави својот следен албум со неговите Двајца Австралиски другари Алфонсо и Хорст, кои изгледаат повеќе опремени како за рок бенд. Френки продолжува да работи на својот албум и да одржува свирки во клубовите, но неговиот слух се влошува забрзано. Како резултат на сето тоа напредокот на неговиот нов албум стагнира. Сепак Френки одбива да го признае својот проблем сè до една свирка во Амнезија, кога не може да го слушне вториот канал на неговите слушалки и мора да префрли од една песна кон друга без да биде способен да го прилагоди преклопувањето на битот на песните. Резултатот звучи ужасно и публиката го исвиркува. Преплавен од страв и фрустрации, тој го фрла грамофонот и миксетата на подот, и на сила е истеран од клубот. Наредниот ден, Макс се соочува со Френки во врска со настапот. Френки се согласува да отиде на доктор, кој му кажува дека го изгубил слухот на едното уво, а има 20 % останато во другото. Тој го предупредува Френки дека доколку не престане да користи дрога и да слуша гласна врева наскоро ќе оглуви целосно. Употребата на неговото апаратче за слушање дури повеќе ќе му го влоши слухот. Тогаш, за време на снимање, Френки ја признава целосната природа за губењето на слухот на Алфонсо. Тој го става неговото апаратче за слушање за да докаже, и , преплавен од ненадејна експлозија на звук, се доближува блиску до еден од звучниците на мониторот. Сепак, пред да може да реагира, исфрустрираниот Хорст ја удира гитарата во засилувачот чиј звук Френки го има зголемено до максимум. Вревата е мачна и реакцијата го срушува Френки во бесознание. Оштетувањето го оглувува целосно. Без неговиот слух, Френки не може да го комплетира неговиот албум. Тој го губи неговиот договор за снимање, и Макс го напушта. Набргу потоа, Соња го напушта. Личностите кои зборуваат во овој филм го опишуваат овој период како најмрачниот час, кога тој се затвора во неговиот дом, кој го прави да биде отпорен на звук. со перници во очаен обид да го поврати својот слух. Неговата употреба на дрога се зголемува кога тој изгледа дека е во тешка депресија. Во една сцена тој многупати го фрла своето тело кон ѕидовите. Во друга, тој завиткува римски свеќи околу неговата глава, дали во обид за самоубиство или драстичен начин да го подобри своето слушање но се дави во базенот пред да се запалат.
Заздравување
уредиВо моментот на кулминација во филмот, Френки ја фрла сета негова дрога во шолјата, само за да биде соочен со визијата на заканувачкиот јазовец повторно. Тие двајцата почнуваат да се борат и да се бркаат, при што Френки ја подава горната рака и го претепува јазовецот со лопата, потоа ја зёема пушката и го застрелува, при што јазовецот почнува да крвави кокаин. Френки тогаш ја фаќа главата на јазовецот, и ја зема во раце, само за да открие дека јазовецот, е всушност, тој самиот. Тој тогаш ја застрелува визијата од него која умира, во главата. После овој мрачен период, Френки пронаоѓа организација на глуви лица, и ја среќава Пенелопа, инструктор на глувите која го учи како да чита од усни. Тие стануваат многу блиски, и на крајот интимни. Тој и ја доверува неговата несреќа поради губењето на музиката, и таа му помага да го воочи звукот низ визуелни и тактички методи наместо вообичаените. Френки тогаш успева да развие систем за миксање на песни, во кој тој гледа бразда која осцилира додека ги држи своите стапала на звучници кои вибрираат. Употребувајќи го овој систем, тој се упатува кон студиото и успева да произведе песна (Не слушај зло-Hears no Evil) целосно негова. Тој му ја дава на Макс, кој е многу задоволен-особено од потенцијалот за користење на недостатокот на Френки за продажба на плочите. Тој го вклучува Френки во рекламни и промотивни договори кои се високо навредливи и бесчуствителни кон глувите луѓе, што Пенелопа тивко не ги одобрува. Макс се однесува кон Пенелопа исто како што се однесуваше спрема Соња, како кон сексуален објект, не признавајќи ја нејзината важна улога во животот на Френки. Воглавно, Макс се обидува да ги оддели глувите луѓе како болни, беспомошни жртви очајни за пример на глув успешен човек. Макс го убедува Френки да пушта музика во Пача како повраток во кариерата. Тој го гледа тоа како можност Френки да се докаже пред другите, и покрај инсистирањето на Френки дека тој нема што да докажува на неговите критичари. Свирката поминува возбудливо добро, и многу тврдат дека Френки покажал дури повеќе талент отколку претходно. После шоуто Френки и Пенелопа исчезнуваат од Макс, медиумите и музичката сцена наеднаш. Во секвенца на зборување на ликовите, тие нагодуваат каде е тој сега (доколку е жив). Како што завршува филмот го гледаме Френки маскиран како уличен музичар бескуќник кој тогаш го сретнува Пенелопа и дете (се претпоставува дека е неговото). Тие со љубов одат надолу по улицата без никој да ги препознае. Во дополнение го гледаме Френки како подучува глуви деца како да го воочат звукот исто како што тој може.
Ликови
уредиГлавни
уреди- Френки Вајлд (Пол Кеј) е кралот на Ди Џеј-ството, кој полека го губи слухот, и набрзо губи сè што мисли дека му е важно во животот: неговата работа, неговата слава и неговата жена-трофеј.
- Пенелопа (Беатриз Батарда) е инструктор за читање од усни кај глувите лица која му ја дава на Френки љубовта која никогаш ја немал, а отсекогаш му требала.
- Соња (Кејт Магован) е жена му на Френки која е супермодел. Нејзините денови се исполнети со тоа да одлучи која тема е посоодветна за нејзината градина: Јапонска или Шпанска?
- Mакс Хагар (Mајк Вилмот) е агентот на Френки дебел, ќелав и надуен, кај Макс е се во парите а неговиот телефон е неговата животна линија.
- Џек Стогарт (Нил Маскел) е грубиот човек од Мотор Рекордс кој нема симпатии спрема Френки. Тој вели “Не сакав глув Ди Џеј на етикетата не сакав компанијата да биде трогната со глувиот белег. Па, бизнисот е суров и некогаш мораш да донесеш чудни одлуки а јас имам донесено и потешки одлуки од отпуштањето на глув Ди Џеј."
Mузика
уредиСаундтрак
уредиСаудтракот за филмот е пуштен од ЕМИ на 4 октомври, 2005 година како двојно Це Де на саундтрак за филмот.
„Сè помина Пит Тонг : снимање на оригиналните песни“ | |
---|---|
Саундтрак од од Различни изведувачи | |
Издаден | октомври 4 2005 |
Жанр | Саундтрак Хаус Белерик Бит Електронска музика Чил аут музика Транс Биг Бит Техно Алтернативен рок Драм анд Бејс |
Издавачка куќа | ЕМИ |
Продуцент | Извршен продуцент на албумот-Бен Шерил за Позитива Рекордс |
Список на песни
уредиCD 1
уреди- 1. "Pacific State" - 808 State (exclusive mix)
- 2. "Cloud Watch" - Lol Hammond
- 3. "Dry Pool Suicide" - Graham Massey
- 4. "Moonlight Sonata" - Graham Massey
- 5. "Baby Piano" - Lol Hammond
- 6. "Ku Da Ta" - Pete Tong
- 7. "Mirage" - Moroccan Blonde (Ben Cherrill, James Doman and Lol Hammond)
- 8. "Troubles" - Beta Band
- 9. "Parlez Moi D'Amour" - Lucienne Boyer
- 10. "Need To Feel Loved (12" Club Mix)" - Reflekt
- 11. "It's Over" - Beta Band
- 12. "Halo (Goldfrapp Remix)" - Depeche Mode
- 13. "How Does It Feel?" - Afterlife
- 14. "Holdin' On" - Ferry Corsten
- 15. "Four-Four-Four" - Fragile State
- 16. "Music for a Found Harmonium" - Penguin Café Orchestra
- 17. "Learning to Lip-Read" - Graham Massey
- 18. "Good Vibrations" - The Beach Boys
- 19. "Interlude" - Ben Cherrill and James Doman
- 20. "White Lines" - Barefoot
CD 2
уреди- 1. "Intro
- 2. "DJs in a Row" - Schwab
- 3. "Flashdance (Raul Rincon Mix)" - Deep Dish
- 4. "Good 2 Go" - Juggernaut (Ben Cherrill and James Doman)
- 5. "Rock That House Musiq" - Christophe Monier and DJ Pascal feat. Impulsion
- 6. "Blue Water" - Black Rock
- 7. "Back to Basics" - Shapeshifters
- 8. "Up & Down" - Scent
- 9. "Serendipity" - Steve Mac & Pete Tong Presents language Franca
- 10. "Plastic Dreams (Radio Edit)" - Jaydee
- 11. "Rock Your Body Rock" - Ferry Corsten
- 12. "Can You Hear Me Now" - Double Funk feat. Paul Kaye (Ben Cherrill and James Doman)
- 13. "Musak (Steve Lawler Mix)" - Trisco
- 14. "Yimanya" - Filterheadz
- 15. "Need To Feel Loved (Seb Fontaine and Jay P's Mix)" - Reflekt feat. Delline Bass
- 16. "More Intensity" - Pete Tong and Chris Cox
- 17. "Frenetic (Short Mix)" - Orbital
Успех на филмот
уредиПесни кои се појавуваат во овој филм, но не се вклучени во саундтракот:
- 1. "Al Sharp" - The Beta Band
- 2. "Flamenco" - Flamenco Ibiza
- 3. "Flashdance (Raul Rincon Mix) - Deep Dish
- 4. "Get On" - Moguai
- 5. "G-Spot" - Lol Hammond
- 6. "Hear No Evil" - Lol Hammond
- 7. "I Like It (Sinewave Surfer Mix)" - Narcotic Thrust
- 8. "Messa da Requiem" - Riccardo Muti/La Scala Milan
- 9. "More Intensity" - Pete Tong and Chris Cox
- 10. "Musak (Steve Lawler Mix)" - Trisco
- 11. "Parlez-Moi D'Amour" - Lucienne Boyer
- 12. "Plastic Dreams (Radio Edit)" - Jaydee
- 13. "Rise Again - DJ Sammy
- 14. "Ritcher Scale Madness" - ...And You Will Know Us by the Trail of Dead
- 15. "Rock Your Body Rock" - Ferry Corsten
- 16. "The Aviator" - Michael McCann
- 17. "Up & Down (Super Dub)" - Scent
- 18. "You Can't Hurry Love" - The Concretes
Ди Ви Ди додатоци
уредиАмериканската верзија на Ди Ви Ди-то вклучува 5,1 Долби Дигитал, преводи, и вклучува неколку додатоци кои се дел од онлајн/Веб маркетиншката кампања: Френки Вајлд: Д Рајз, Френки Вајлд: Д Фол и Френки Вајлд: Покајувањето.
Награди
уредиОсвоени
уреди- Најдобра Канадска главна улога во филм – Меѓународен филмски фестивал во Торонто – 2004
- Најдобра улога – Ју Ес комеди артс фестивал – 2005
- Најдобар глумец (Пол Кеј) – Ју Ес комеди артс фестивал – 2005
- Награда од големото жири – Филмски фестивал Џен Арт – 2005
- Награда од публиката – Филмски фестивал Џен Арт – 2005
- Најдобар Британско колумбиски филм – Филмски критички круг во Ванкувер – 2005
- Најдобар машки изведувач (Mајк Вилмот) – Канадскки награди за комедии – 2005
- Најдобар целокупен звук – Лое награди – 2005
- Најдобар звучен додаток – Лео награди – 2005
- Најдобра долгометражна драма –Лео награди – 2005
Номинации
уреди- Најдобар глумец, најдобра улога – Meтод Фест
- Најдобро постигнување во продукција –Бифа
- 8 Гение награди
Наводи
уреди1. ^ http://www.boxofficemojo.com/movies/?id=itsallgonepetetong.htm
Надворешни врски
уреди- Official web site - Официјално мрежно место
- FrankieWilde.com - ФренкиВајлд.ком
- It's All Gone Pete Tong на Семрежната филмската база на податоци - Сè помина Пит Тонг во Базата на податоци за филмови на Интернет