Регионален пат 2249

регионален пат во Македонија
(Пренасочено од Р2249)

Регионален пат 2249 (ознака: Р2249) — регионален пат во Македонија, со насока на движење север-југ. Има вкупна должина од 21,2 километри и само 1 исцртана делница. Патот започнува кај Мелнички мост и се движи низ селата Центар Жупа и Брештани, завршувајќи кај ХЕЦ „Глобочица“.[1]

Регионален пат 2249 shield

Регионален пат 2249
Карта
Протегање на регионалниот пат
Информации за правецот
Должина:21,2 км
Поважни клучки
Од:Мелнички мост
До:ХЕЦ „Глобочица“
Местоположба
Општини:Дебар, Струга
Патна мрежа
Патишта во Македонија

Патот помеѓу Елевци и ХЕЦ „Глобочица“, иако е предвиден и завршен со асфалтирање, не е проектиран со соодветни делници и таа должина на патот не е прикажана во вкупната негова должина.

Делници

уреди

Регионалниот пат 2249 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 1 делница.

Протегање на регионалниот пат
Делница Почеток Крај Потег (км)
врска со   0,0
1562 Мелнички мост Елевци 0,0 - 21,2
врска со  

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „ПАТНА МРЕЖА | Јавно претпријатие за државни патишта“. www.roads.org.mk. Посетено на 2021-01-21.

Надворешни врски

уреди