Регионален пат 1311

регионален пат во Македонија
(Пренасочено од Р1311)

Регионален пат 1311 (ознака: Р1311) — регионален пат во Македонија, со насока на движење запад-исток. Има вкупна должина од 50,1 километар и 5 делници. Патот започнува во градот Битола и се движи преку Новаци кон Битолско Мариово, односно патот завршува во селото Старавина.[1]

Регионален пат 1311 shield

Регионален пат 1311
Карта
Протегање на регионалниот пат
Информации за правецот
Должина:50,1 км
Поважни клучки
Од:Битола
До:Старавина
Местоположба
Општини:Битола, Новаци
Патна мрежа
Патишта во Македонија

Делници

уреди

Регионалниот пат 1311 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 5 различни делници.

Протегање на регионалниот пат
Делница Почеток Крај Потег (км)
врска со   0,0
1395 Битола (Црква „Св. Недела“) Новаци 0,0 - 9,3
1396 Новаци Маково 9,3 - 30,2
1397 Маково Рапеш (Брник) 30,2 - 34,7
1398 Рапеш (Брник) Старавина 34,7 - 48,1
врска со   48,1

Како посебен крак на овој регионален пат влегува делницата 1399 до Мариовскиот манастир во должина од 2.018 метри, со што вкупната должина на Р1311 е 50,1 километри.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „ПАТНА МРЕЖА | Јавно претпријатие за државни патишта“. www.roads.org.mk. Посетено на 2021-01-12.

Надворешни врски

уреди