Смртојади

(Пренасочено од Р.А.Б.)

Во измислениот свет на Хари Потер серијалот, Смртојадите, Смртождерите или Смртојадците се група од волшебници и вештерки, предводени од мрачниот волшебник Лорд Волдеморт, главниот антагонист во серијалот, кои сакаат да го прочистат магичното општество со елиминирање на нормално родените или блатокрвните како што смртојадите обично ги нарекуваат . Тие исто така се обидуваат да создадат нов ред преку Министерството за магии и да пробудат страв помеѓу волшебничкото општество со тероризирање и убивање важни службеници и други нивни непријатели, во главно членовите на Редот на фениксот.

Смртојади
Хари Потер здружение

Лорд Волдеморт (средина) со Белатрикс Лестрејнџ (лево),
Луциус Мелфој (десно) и неколку маскирани Смртојади (позади)
во Хари Потер и Редот на фениксот
Делокруг Вила на Мелфојеви[1]
Лидер(и) Лорд Волдеморт
Намери Одржување на крвна чистота и служење на Лорд Волдеморт - истребување на нормално родените
Непријатели Хари Потер, Редот на фениксот, Армијата на Дамблдор, Министерство за магии, Нормални
Прво појавување Поимот првпат искористен во Хари Потер и Пламениот пехар, a членови на организацијата се појавуваат и во претходните романи.

Смртојадите се препознаваат меѓусебно со мрачниот белег на нивниот лев подлакток, знак создаден од Волдеморт со кој веднаш може да ги повика кај него. Нивната типична работна облека вклучува, црни наметки со качулки и маски, видена во филмската верзија на Пламениот пехар (черепни маски и црни наметки со шилести шапки) и Редот на фениксот (метални маски и подетално разработени виолетови наметки).

Според авторот Џ. К. Роулинг, првобитниот назив за Смртојадите бил „Витезите на Валпургис“.[2]

Пред Хари Потер

уреди

Смртојадите постоеле некои дваесет години пред настаните на кои серијалот се има сосредоточено, начејќи го и убивајќи го секој што е Нормален, Шушумига или на англиски Muggle, кој им се спротивставувал, за кој верувале имал информација со која може да го спречи нивното издигнување на власт или едноставно онака од забава. Десет години подоцна, две момчиња кои одговарале на пророштвото на Сибил Трилејни се родиле во јули. Пророштвото претскажало дека „Мрачниот господар ќе го обележи нему како рамен на него“ и „ниту еден од нив не може да живее ако е другиот жив“, затоа Волдеморт отишол да го лови момчето за кое верувал дека ќе биде виновен за неговиот пад, Хари Потер. Делувајќи на информацијата дадена од Питер Петигру, тајниот чувар на Џејмс и Лили Потер, Волдеморт се обидел да го исполни пророштвото и да го убие својот штотуку роден соперник. Поради пожртвуваноста на мајката на Хари да го спаси својот син, смртоносната клетва - Авада Кедабра на Волдеморт се одбила од Хари и го уништила телото на Волдеморт.

Со уништувањето на Волдеморт откако потпаднал да го убие Хари, Смртојадите набргу се распуштиле. Министерството фатило многумина од нив и ги затворило во Азкабан, волшебничкиот затвор, но некои се извлекле тврдејќи дека биле под влијание на клетвата Империус ( контролирачката клетва) или со издавање на други Смртојади, како што направил Игор Каркароф; Хари го сведочи судењето на Каркароф во паметникот на Албус Дамблдор.

Членови:

уреди

Луциус Малфој

Белатрикс Лестренџ

Барти Крауч

Антонин Долохов

Игор Каркаров

Петар Петигу

Дарко Мајфој ( не баш доброволно).. и др. кои не се м.н важни.

Наводи

уреди
  1. Предлошка:HP7ref, chapter 1
  2. JK Rowling interview in full, BBC News, 19 June 2003. Accessed 24 May 2008.