Руско-босанскохерцеговски односи
Руско-босанскохерцеговските односи (руски: Российско-боснийские отношения) се надворешни односи меѓу Босна и Херцеговина и Руската Федерација. Босна е една од земјите каде што Русија испратила свои војници за стабилизација на земјата. Русија ја признала независноста на Босна и Херцеговина на 27 април 1992 година.
Босна и Херцеговина |
Русија |
---|
На 12 јануари 1996 година, Русија испратила војници во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, преку Тузла[1]. Овој потег бил мотивиран од желбата за подобрување на односите со САД. Местоположба на руските трупи станало предмет на меѓународна дебата: Русите сакле да бидат распоредени на територија каде живееле Босански Срби, а САД сакале да бидат распределени на територија каде живееле Босански Хрвати.
Русија е член на советот кој гарантира мир и стабилност во Босна и Херцеговина. Во јуни 2003 година, во Босна и Херцеговина пристигнал руски воен контингент за стабилизирање на ситуацијата во земјата. Руските официјални лица исто така се вклучени во Канцеларијата на високиот претставник и во Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина.
Руски амбасадор во Босна и Херцеговина е Александар Карченко[2], додека амбасадор на Босна и Херцеговина во Русија е Иван Барбалиќ[3].
Наводи
уреди- ↑ Linda D. Kozaryn. „Russian Troops Arriving in Bosnia“. American Forces Press Service. Посетено на 2008-10-19.
- ↑ Посольство Российской Федерации в Боснии и Герцеговине Архивирано на 4 март 2016 г..
- ↑ Босния и Герцеговина. Представительства.