Големата петорка, руската петорка бил назив за група на руски композитори од 19. век. Групата, чиј предводник бил Милиј Балакирев, оформена е во Санкт Петербург под силно влијание на Михаил Глинка.
Целта на оваа група композитори била да се компонира музика со корени од рускиот фолклор, наместо да се потпираат на европската музичка традиција. Романтизмот силно влијаел во руската култура и национална свест, а негови најважни претставници во музиката впрочем беа овие петорка, во која освен Балакирев членови беа и:

Милил Балакирев
Модест Мусоргски, 1865 г.
Николаи Римски-Корсаков, 1866 г.
Цезар Кјуј, 1870 г.
Александар Бородин, 1865 г.
Владимир Стасов
Чајковски и „Славната Петорка“

Роден е во Петроград, учел клавир, флејта и виолончело. Бил доктор по медицински науки, хемиска струка. Во 1862 се приклучува на кругот на Балакирев. Значајни се две негови симфонии, една недовршена опера ,, Кенз Игор ,, два гудачки квартети, клавирски квинтети.. Важи за втемелувач на руската симфонија.

Композитор на оперски приказни, главен претставник на тој вид музика во Русија. Диригент, теоретичар кој е роден во Тихвин во аристократско семејство. Во 1861 се среќава со Балакирев и таа средба ќе има пресудно значење во неговата определба за музика. Напишал 15 опери. Симфонии: Шехерезада и Шпанско Капричо.

Најзначаен меѓу руската петорка. сотел на позиција на уметничкиот реализам. Роден е во 1839 во Карев. Бил подучуван музика од мајка му. Вокален композитор, чии инструментални дела имаат програмски карактер. Позната композиција му е клавирската ,, Слики од изложбата ,, која е повеќе позната во оркестрација на Морис Равел, исто така ,, Ноќи на голото брдо ,, која ќе има влијание врз Дебиси.

Има најмало значење во руската петорка. И покрај тоа што напишал голем број дела, неговото творештво е неповратно минато. Оставил дванаесет опери и соло песни.


Членовите на петорката билe музички образовани и се спротивставувале на групата "Академичари".

Руска Школа: Во 1859 година во Петроград се основа руското музичко друштво, а следната година исто така и во Москва. Главна цел на ова друштво била организирање на концертна дејност која не зависела само од аристократските кругови. Најголема улога во работата на ова друштво имал Антон Рубинштајн. Најбрзо, под негово раководство се отвора петроградскиот конзерваториум во 1862. Четири години подоцна се отвора во Москва. Браќата Антон и Артур Рубинштајн ,се залагаат за создавање на руската музичка школа врз темели, единствено на изучување на западно европската музика. Од друга страна се појавуваат пет композитори, кои сметаат дека руската музика се развива користејќки ги сите музички руски наследства врз претходно потврдени и изучени музички законитости од западно европското музичко наследство.