Рубин Земон (роден во Струга) — македонски етнолог, универзитетски професор и претседател на Сојузот на БалканскитеЕгипќани. Вработен е во Универзитетот за информатички науки и технологии и член на научниот совет на Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“. Тој експерт на ОБСЕ/ОДИХР за прашањата на националните малцинства[1]. Член е на претседателството на Македонското етнолошко друштво и Член е на центарот за карпеста уметност на Македонија[2].